ГРОМ ги разбуди надежите на бутелчани

Vangel KaraivanovНа денешното основачко Собрание кое се одржа во административната зграда на општина Бутел, дипломираниот инженер архитект Вангел Караиванов, беше избран за претседател на општинската организација на ГРОМ за Бутел. Во оваа пригода тој се заблагодари за укажаната поддршка и истакна дека довербата од неговите сопартијци, за него, освен голема чест претставува сериозна обврска и одговорност, во поглед на предизвиците кои со себе ги носи оваа функција. повеќе

Стевчо Јакимовски: Имавме доволно разбирање за менталните проблеми на Грција

ГРОМ На вчерашното Основачко Собрание на партијата на Стевчо Јакимовски, ГРОМ на општинската организација Аеродром која е 21 канцеларија на ГРОМ, претседателот на Граѓанската опција за Македонија даде кратка изјава за www.infomax.mk.

“Сметам дека активностите кои што ги превземаме како партија, отвореноста кон граѓаните и народот, новата граѓанска понуда која им ја нудиме на граѓаните е правиот погодок, и мислам дека тоа е причината поради која сме на високото трето место на рејтинг листите во Македонија, секако и поради довербата во мене како политичар” – изјави Јакимовски. повеќе

ГРОМ влезе во Аеродром

_MG_5918Граѓаните на општина Аеродром имаат алтернатива. Тоа е ГРОМ-Граѓанската опција за Македонија. Ова беше главната мисла- водилка околу која беа собрани над 200-тини присутни делегати и симпатизери на ГРОМ на основачкото собрание на ГРОМ Аеродром, кое вечерва се одржа во Бизнис салата на Скопски саем. повеќе

ГРОМ Карпош ќе сади млади садници

ГРОМ Карпош ќе сади млади саднициПо повод денот на дрвото 27.11.2013 (среда), активисти на Општинската организација ГРОМ Карпош организираат засадување на садници. Засадувањето на 50 млади дрвца ќе биде со почеток во 10:00 часот, а ќе се  сади на зелената површина покрај кејот на Вардар, во непосредна близина на спортските терени во Влае 2 .

М-р Ивана Митева избрана за претседател на ОО Чешиново – Облешево

М-р Ивана МитеваДА СЕ БИДЕ ВО ГРОМ ЗНАЧИ ДА СЕ БИДЕ ХРАБАР

На дваесеттото јубилејно Основачко собрание на Општинска организација на ГРОМ, за Општина Чешиново – Облешево, вчеравечер, 24 ноември, 40 присутни делегати едногласно и ја дадоа раководната функција на м-р Ивана Митева. Обраќајќи им се на присутните чиј претседател ќе биде во следниот период, Митева им се заблагодари за довербата и истакна дека успесите на оваа општинска организација ќе бидат заеднички успеси на сите нејзини членови. повеќе

Бојко Илиевски, прв претседател на ГРОМ – Кочани

Бојко Илиевски, прв претседател на ГРОМ – КочаниГРОМ ЌЕ ГО ВРАТИ ОРИЗОТ НА КОЧАНСКИТЕ ПОЛИЊА

Деведесет присутни делегати, вчеравечер, 24 ноември, едногласно му ја дадоа својата доверба на Бојко Илиевски да биде прв претседател на Општинската организација на Граѓанска опција за Македонија од Кочани. На Основачкото собрание што се одржа во Мултикултурниот дом беа усвоени и составите на Општинскиот одбор и на Надзорниот одбор на оваа општинска организација на ГРОМ. повеќе

Трибина на ГРОМ во Драчево

Трибина на ГРОМ во ДрачевоСКОПЈЕ НЕ Е САМО ЦЕНТАРОТ

Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ денеска, 24 ноември, својата програма им ја приближи на драчевци. Лидерот на партијата, Стевчо Јакимовски, на трибината што се одржа во  Домот на Месната заедница во Драчево, детално ги образложи целите и заложбите што се имплементирани во партиската програма. Тој се задржа на приоритетите што ја прават програмата на ГРОМ поинаква од сè друго што се нуди на политичката сцена на Македонија, но пред сè на потребата да се овозможи еднаков развој на сите региони од земјата. повеќе

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Да се намали финансискиот товар врз граѓаните

 ГРОМ - Да се намали финансискиот товар врз граѓаните Актуелната власт, наместо да го растовари стопанството од големите фискални давачки што ги имаат и компаниите, но и самите граѓани, таа антиципира нови, зголемени трошења во идната 2014 година. повеќе

Слободан Илиевски, прв претседател на ОО на ГРОМ – Центар

Слободан Илиевски, прв претседател на ОО на ГРОМ – ЦентарГРОМ ЦЕНТАР-ПАРТИЈА НА МЛАДИТЕ

На седумнаесеттото по ред Основачко собрание на Општинска организација на Граѓанската опција за Македонија на Општина Центар, од страна на присутните 102 делегати, Слободан Илиевски беше избран едногласно за прв претседател на организацијата. На него, исто така беа изгласани и составите на Општинскиот и на Надзорниот одбор на Општинската организација. повеќе

Алекса Копачев – претседател на ГРОМ Босилово

ГРОМ БосиловоЗДРУЖЕНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ СЕ СИЛНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Алекса Копачев е новоизбраниот претседател на 16-тата по ред Оштинска организација на Граѓанската опција за Македонија во Босилово. Него вечерва го изгласаа делегатите од ова струмичко село на Основачкото собрание  во големата општинска сала, на кое присуствуваа  претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски како и членови на Извршниот и Централниот одбор на оваа новоформирана партија на македонската политичка сцена. повеќе

Страница 40 од 45« Прва...102030...3839404142...Последна »