ГРОМ нуди излез од политичкиот ќор-сокак

ГРОМ нуди излез од политичкиот ќор-сокакКандидатот за претседател на државата од редовите на Граѓанската опција за Македонија, Зоран Поповски, денеска во штабот на Општинската организација на ГРОМ од Чучер – Сандево, се сретна и разговараше со поддржувачите на третата политичка опција. Во присуство на претседателот на ОО на ГРОМ од Чучер Сандево, Аце Црничиќ, говореше и генералниот секретар на ГРОМ Виктор Цветковски, кој најпрвин се заблагодари за топлото добредојде на своите домаќини, а потоа го претстави профилот на претседателскиот кандидат Поповски. повеќе

Форумот на жени ГРОМ – Карпош го прослави 8 Март во театар

ФОЗ ГРОМ КарпошШаренило од женска убавина вчеравечер, 6 март 2014 година, можеше да се види пред Драмскиот театар во Скопје, во исчекување на предпремиерата на театарската претстава „Живот во тесни чевли“. Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, Форумот на жени ГРОМ-Карпош организираше хумана акција „Подари билет за театарска претстава на својата пријателка“, со која на едно место собра многу пријателки, мајки и баби, снаи и свекрви. повеќе

Кавадарци и Прилеп во блиски разговори со лидерот Јакимовски и претседателскиот кандидат Поповски

Кавадарци и Прилеп во блиски разговори со лидерот Јакимовски и претседателскиот кандидат ПоповскиГРОМ- ПАРТИЈА ОД ДОВЕРБА И ЧЕСНОСТ

Кавадаречката кино сала, вчеравечер, беше претесна за да ги собере симпатизерите и членовите на Граѓанската опција за Македонија каде по Карпош ја даде својата најголема бројка на потписи за поддршка на кандидадот за претседател  Зоран Поповски. повеќе

ГРОМ направи подвиг

ГРОМ направи подвиг„Кичево веќе докажа дека не се плаши ни од левите ни од десните! Ние, храбро, достоинствено ги собравме потребните потписи за да го поддржиме нашиот кандидат за претседател, проф. д-р Зоран Поповски. На денот на изборите таа храброст ќе ја преточиме во гордост“, му порача на кичевското членство претседателот на Општинската организација на ГРОМ – Кичево, Анто Трајановски, на средбата што вчеравечер, 4 март 2014 година, се одржа во овој град, а на која присуствуваа и лидерот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, и претседателскиот кандидат, Зоран Поповски. повеќе

Реакција на ГРОМ на изјавата на претседателот на ОО СДСМ Карпош

bc-temelnik-okt.2012СДСМ ПРОПЛАКА И ОД ГРОМ

Ај, разбираме што СДСМ постојано плаче од ВМРО-ДПМНЕ, ама сега пак почна да плаче и од ГРОМ! Тие, всушност, во последно време почнаа се почесто да плачат.

Бродот што тоне, наречен Социјалдемократски сојуз на Македонија, во последно време е преполн со плачковци, бидејќи ништо друго не се слуша оттаму освен пискотници. повеќе

ГРОМ е граѓанскиот ветар во Македонија

ГРОМ е граѓанскиот ветар во МакедонијаПретседателот на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ Стевчо Јакимовски, вчеравечер, пред своите членови во преполната канцеларија на ГРОМ-Битола во полно светло го претстави претседателскиот кандидат на оваа нова партија од центарот, проф.д-р Зоран Поповски. повеќе

Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Проф. Др. Зоран Поповски меѓу симпатизерите и членовите на О.О. ГРОМ Охрид

ГРОМ ОХРИДГРОМ ПОКАЖА ДЕКА СИ СТОИ НА ЗБОРОТ 

„Македонија треба да стане место каде што младите ќе се вракаат и ќе ја планираат својата иднина, а не земја од која бегаат“ – истакна на средбата со своите симпатизери и подржувачи проф. д-р Поповски

Претседателскиот кандидат на ГРОМ Проф. Д-р. Зоран Поповски, вчера, понеделник, 3 Март, се претстави пред симпатизерите и членовите на О.О. Гром Охрид, кои во голем број се собраа за да го поздрават и да ги слушнат неговите идеи и планови. повеќе

ГРОМ – Охрид на дружба во манастирот Св.Спас

ГРОМ ОХРИДСекојдневието на работниците, нивните грижи и радости, е она што најмногу ги интересира членовите на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија од Охрид.

Токму затоа, еден ден пред големиот христијански празник Прочка, претседателот на О.О.ГРОМ – Охрид, Љупчо Настоски и  дел од членовите на ГРОМ – Охрид организираа заеднички ручек со мајсторите, градежниците и останатите работници кои се вклучени во изградбата на манастирот Св.Спас во Горно Лакочереј. повеќе

Солидарност, хуманост и соживот

Хуманитарна акција на ГРОМ БитолаПредводени од претседателката на ГРОМ – Битола, Александра Стојановска, членовите на  Граѓанската опција од Битола реализираа хуманитарна акција донирајќи храна, облека и средства за лична хигиена за петтчленото материјално загрозено семејство Павловски. Се работи за  еднократна помош, со која  ,,громовци’’ се  обидоа да им ја олеснат тешката материјална состојба на своите сограѓани кои се наоѓаат во зоната на социјален ризик. повеќе

Претседателскиот кандидат на Основачкото собрание на ОО на ГРОМ – Гевгелија

Претседателскиот кандидат на Основачкото собрание на ОО на ГРОМ - Гевгелија„Граѓанска опција за Македонија вети дека со свој кандидат ќе настапи на претседателските избори и го исполни тоа. Горд сум што тоа сум јас, горд сум што стојам пред 22-илјадно членство, но и затоа што тоа членство за помалку од 24 часа успеа да собере 10.000 потписи со кои ја поддржа мојата кандидатура за претседател“. Со овие зборови проф. д-р Зоран Поповски, претседателски кандидат на ГРОМ, ги поздрави гевгелиските членови и симпатизери, кои вчеравечер, 1 март 2014 година, на Основачко собрание ја формираа својата Општинската организација. повеќе

Страница 32 од 45« Прва...1020...3031323334...40...Последна »