Прес-конференција на ГРОМ за најавата на ДУИ за попречување на претседателските избори

ГромИЗЈАВИТЕ НА ДУИ – ЧЕКОР ДО ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈАТА

Изјавата на ДУИ дека активно ќе работат на тоа да пропаднат претседателските избори и доколку тие избори завршат успешно тие нема да го признаат легитимитетот на претседателот на Републиката, беше директен повод за денешната конференција за печат на претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски. повеќе

ОО-ГРОМ Битола на комеморација по повод денот на депортација на македонските Евреи

ГРОМ БитолаГРОМ е партија што во својата структура ги вклучува сите етникуми што живеат во Македонија и покажува огромна почит кон религиските и културните обележја.

Токму поради тоа, на денешната комеморација по повод 71-годишнината од депортацијата на повеќе од 7.000 Евреи од Македнија, повеќе

ФОЖ ГРОМ-Карпош во знак на сеќавање на холокаустот

ФОЖ КарпошЕврејската заедница во Република Македонија во Скопје, Битола и Штип одбележува 71 година од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка.

По повод 11 март, денот на депортацијата на Евреите од Македонија, членките на Форумот на жени ГРОМ-Карпош, со длабока почит и сеќавање на жртвите на Холокаустот, вчеравечер го посетија Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Мaкедонија. повеќе

СО ПОЧИТ КОН ЖЕНИТЕ И НИВНИТЕ ДЕЛА

DSCN1380Форумот на жени на ОО ГРОМ Охрид, Осми март го прослави во духот на партиското мото, а тоа е пред се, дружба и блискост меѓу членството и симпатизерите. Со скромна забава,  но затоа богата со смеа и расположение, членките на Форумот на жени  на ОО ГРОМ-Охрид го прославија Осми март.

Некои Осми март го гледаат како празник кога нешто мора да се подари на секоја дама, некои сметаат дека не може без убава трпеза и музика, но секој има право да го прослави Денот на жената онака како што го чувствува празникот и да ја слави жената на свој начин. повеќе

Форумот на млади ГРОМ по повод Денот на жената

ФОМ КарпошСО ЦВЕТ И БАЛОНЧИЊА ВО ЧЕСТ НА 8 МАРТ

Под иницијатива на ФОМ ГРОМ – Карпош, младите членови на Граѓанската опција за Македонија, денеска, пред двата главни влеза на ТЦ ,,Скопје Сити Мол’’, пријатно ги изненадија припадничките на понежниот пол, подарувајќи им прекрасни рози, додека, малите дечиња добија  по едно балонче. повеќе

Прес-конференција: ГРОМ иницира брз прием на Македонија во Нато

Прес конференција-Ние од Граѓанската опција на Македонија – ГРОМ како политичка партија ја изразуваме својата загриженост за состојбите во црноморскиот регион и опасноста од избувнување на граѓански конфликт во Украина кој ќе се одрази глобално врз безбедноста, економијата и геополитиката во целиот свет.Ова го изјави на денешната конференција за печат претседеталскиот кандидат на ГРОМ, проф.д-р Зоран Поповски, кој притоа изнесе и конкретна иницијатива во насока на превенирање на евентуалниот неповолен развој на настаните кој може да се реперкуираат и врз Македонија. повеќе

ГРОМ-Сарај на среба со претседателскиот кандидат Поповски

DSC_0426ГРОМ Е ГРАЃАНСКА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА

„Нема да бидеме ниту марионета на власта ниту продолжение на опозицијата“ истакна претседателскиот кандидат на Граѓанската опција за Македонија, Зоран Поповски на вечерашната средба во општината Сарај со членовите и поддржувачите на третата опција. На пригоден начин претседателката на општинската организација на Граѓанската опција за Македонија на Сарај, Снежана Јовкоска, ја отвори средбата со поздравниот говор до присутните членови на ГРОМ. повеќе

ГРОМ нуди излез од политичкиот ќор-сокак

ГРОМ нуди излез од политичкиот ќор-сокакКандидатот за претседател на државата од редовите на Граѓанската опција за Македонија, Зоран Поповски, денеска во штабот на Општинската организација на ГРОМ од Чучер – Сандево, се сретна и разговараше со поддржувачите на третата политичка опција. Во присуство на претседателот на ОО на ГРОМ од Чучер Сандево, Аце Црничиќ, говореше и генералниот секретар на ГРОМ Виктор Цветковски, кој најпрвин се заблагодари за топлото добредојде на своите домаќини, а потоа го претстави профилот на претседателскиот кандидат Поповски. повеќе

Форумот на жени ГРОМ – Карпош го прослави 8 Март во театар

ФОЗ ГРОМ КарпошШаренило од женска убавина вчеравечер, 6 март 2014 година, можеше да се види пред Драмскиот театар во Скопје, во исчекување на предпремиерата на театарската претстава „Живот во тесни чевли“. Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, Форумот на жени ГРОМ-Карпош организираше хумана акција „Подари билет за театарска претстава на својата пријателка“, со која на едно место собра многу пријателки, мајки и баби, снаи и свекрви. повеќе

Кавадарци и Прилеп во блиски разговори со лидерот Јакимовски и претседателскиот кандидат Поповски

Кавадарци и Прилеп во блиски разговори со лидерот Јакимовски и претседателскиот кандидат ПоповскиГРОМ- ПАРТИЈА ОД ДОВЕРБА И ЧЕСНОСТ

Кавадаречката кино сала, вчеравечер, беше претесна за да ги собере симпатизерите и членовите на Граѓанската опција за Македонија каде по Карпош ја даде својата најголема бројка на потписи за поддршка на кандидадот за претседател  Зоран Поповски. повеќе

Страница 31 од 45« Прва...1020...2930313233...40...Последна »