ГРОМ е ас во ракавот на граѓаните

Кликни за фотогалерија - Основачко собрание на ОО на ГРОМ – РесенФормирана ОО на ГРОМ – Ресен

„Годинешниве парламентарни и претседателски избори ќе бидат неизвесна игра. Познати се три карти, тие се отворени и јавноста со овие три карти знае на што е. Но, една карта сè уште е затворена, а токму таа ќе одлучи кој ќе победи. Таа карта е ГРОМ! ГРОМ е ас во ракавот на граѓаните!“ Со оваа едноставна метафора, лидерот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, го почна своето обраќање до ресенските симпатизери и членови на ГРОМ, кои вчеравечер, 16 март 2014 година, се собраа на основањето на нивната Општинска организација. повеќе

Ѓорѓи Голабоски, избран за претседател на ОО на ГРОМ – Струга

Кликни за фотогалерија - Основачко собрание на ОО на ГРОМ – СтругаНА ОВИЕ ИЗБОРИ ГРОМ ОДЛУЧУВА

„Вечерва во Струга е празник. Се промовира ГРОМ. Јас, како претседател на Општинската организација на Струга, очекувам дека со заедничка работа од ГРОМ ќе направиме респектабилна сила во политичкиот живот на нашиот град. Секоја нова пристапница за нас ќе биде нова победа, сè додека од ГРОМ не направиме победничка опција“. Вака Ѓорѓи Голабоски, информациски технолог и приватен стопанственик, ги поздрави струшките членови и симпатизери на Граѓанска опција за Македонија, кои вчеравечер, 16 март 2014 година, безрезервно го поддржаа во изборот за претседател на Општинската организација на ГРОМ – Струга. повеќе

ГРОМ ја менува политичката сцена во Mакедонија

Кликни за фотогалерија - Основачко собрание на ОО на ГРОМ – ДебарцаОсновачко собрание на ОО на ГРОМ – Дебарца

На основањето на 43. општинска организација на Граѓанска опција за Македонија, со едногласна поддршка на присутните, вчеравечер, 16 март 2014 година, Боро Блажески беше избран за претседател на ОО на ГРОМ од Дебарца. На ист начин,  беа изгласани и составите на Општинскиот и Надзорниот одбор на оваа општинска организација. повеќе

Посета на кандидатот за претседател Зоран Поповски во Тиквешијата

Посета на кандидатот за претседател Зоран Поповски во ТиквешијатаГРОМ МУ ДАВА ПРИМАТ НА ГРАЃАНИНОТ

Вчеравечер, кандидатот за претседател на ГРОМ имаше средби со граѓаните од Тиквешијата, членови на Граѓанската опција за Македонија.

Тој заедно со претседателот на ГРОМ г-дин Стевчо Јакимовски, ги посетија Кавадарци, Неготино и Демир Капија, каде што се сретнаа со локалното население, членови и симпатизери на ГРОМ. повеќе

„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА Е СИМБОЛ НА ИСТАТА“

Кликни за фотогалерија - Средба со граѓани во општина Гостивар (14.03.2014)СРЕДБА СО ГРАЃАНИ ВО ОПШТИНА ГОСТИВАР

Граѓанската опција за Македонија уште еднаш докажа дека е партија од доверба, чесност и искреност, а вечерашната средба во општина Гостивар беше доказ за тоа.

Во Домот на културата во Гостивар, дојдоа стотина членови и симпатизери на новата партија да се запознаат со кандидатот за претседател Зоран Поповски, при што го искажаа своето задоволство од својот лидер и изборот на човекот кој се надеваат дека  ќе раководи со државата. Претседателот на ОО на ГРОМ- Гостивар, Влатко Костов изрази благодарност до сите присутни и поддржувачи на новоформираната партија ГРОМ, кои помогнаа таа да се искачи речсиси до врвот за многу кратко време. повеќе

Средба Поповски – Аренс

13.03.2014Денеска, 13 март 2014 година, кандидатот за претседател на Република Македонија од ГРОМ, проф. д-р. Зоран Поповски, одржа едночасовна средба со шефот на мисијата на ОБСЕ и ОДХР, Герт Хинрих Аренс, и со политичкиот аналитичар  на  Организацијата за безбедност и соработка на Европа, Елен Шустик. повеќе

На иницијатива на ФОМ ГРОМ

FOM GROMУТРИНСКО КАФЕ НА МЛАДИТЕ ЛИДЕРИ

На иницијатива на претседателот на Форумот на млади ФОМ ГРОМ Бојан Велевски, претседателите на подмладоците на сите политички партии од Република Македонија кои ќе учествуваат на претстојните претседателски и парлемантарни избори, секој понеделник ќе се среќаваат на утринско кафе. повеќе

Средба-Поповски и Јакимовски со членството во Св.Николе и Лозово

СредбаВо пријателска и семејна атмосфера, со многу насмевки и заеднички теми на разговор домаќините, членови и симпатизери на ГРОМ си разменија мислења со врвот на нивната партија.

Одржана четвртата седница на Централниот одбор на ГРОМ

Стевчо ЈакимовскиГРОМ Е ПАРТИЈА КОЈА ОБЕДИНУВА

Граѓанската опција за Македонија е првата партија која ја достави кандидатурата за претседателски мандат на Зоран Поповски до Државната изборна комисија, откако претходно, за ден и половина успеа да собере повеќе од 10 илјади потписи од граѓаните на Република Македонија за поддршка на својот кандидат. Со оваа информација, претседавачот на ЦО на ГРОМ, Владо Поповски во присуство на  113 членови на Централниот, Извршниот одбор и претседателството на ГРОМ ја отвори денешната четврта седница на ЦО на ГРОМ. повеќе

Пренџов: ГРОМ сам ги собра потписите за претседателскиот кандидат

ljupcoPrendzov

Пред претседателските и парламентарните избори ГРОМ на Стевчо Јакимовски е пред првиот тест-изборите ќе покажат дали амбициите на новата партија биле реални.

ОД ГРОМ негираат соработка со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ, но предизборно. Сепак, уверени се дека ќе станат парламентарна партија. Како лоша ја оценуваат состојбата со медиумските слободи во земјава, а се против менување на името во што не гледаат популизам. Како спин ги оценуваат гласините дека потписите за претседателскиот кандидат Зоран Поповски биле собрани со помош на ВМРО ДПМНЕ. Повеќе од интервјуто со Љупчо Пренџов, организационен секретар и член на извршниот одбор на ГРОМ. повеќе

Страница 30 од 45« Прва...1020...2829303132...40...Последна »