Од жените со љубов за Димитар Несторовски

ФОЗ ГРОМФорумот на жени ГРОМ-Карпош, со посредство на месниот форум на Карпош 2, организираше хуманитарна акција од продажен карактер за собирање парични средства за лекување во странство на нашиот храбар, млад сограѓанин Димитар Несторовски.

Вештите раце на жените од ГРОМ, со љубов, подготвија најразлични специјалитети, вистински мали уметнички дела од тесто и од чоколада, кои жените од Карпош 2 ги донираа, а жените од ГРОМ-Карпош ги купија. На оваа хуманитарна акција учествуваа околу 200 жени. повеќе

Отворен првиот штаб на ГРОМ-Карпош

 

Oпштинската организација на Граѓанска опција за Македонија на Карпош активно се подготвува за изборите, па во таа смисла на 19 март се отвори и првиот изборен штаб во оваа општина, и тоа во Урбаната заедница Кузман Јосифовски Питу. повеќе

Средба на претседателскиот кандидат на ГРОМ со холандската амбасадорка Шурман

Зоран ПоповскиВо рамки  на интензивната дипломатска активност што неделава ја имаше претседателскиот кандидат на ГРОМ Зоран Поповски, денес се сретна со амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија г-ѓа Мариет Шурман. повеќе

Прва меѓуопштинска средба на Форумите на жени на ГРОМ

Кликни за фотогалерија - Прва меѓуопштинска средба на Форумите на жени на ГРОМЧленките на Форумот на жени на ГРОМ-Карпош беа гостинки на своите пријателки и сопартијки од Форумот на жени на ГРОМ-Ѓорче Петров. Претставничките на понежниот пол од Карпош и од Ѓорче Петров одржаа работна средба која, воедно, беше и прво официјално воспоставување на соработка помеѓу два општински форуми на жени на Граѓанската опција за Македонија. повеќе

Поповски на средба кај амбасадорот на ЕУ во Македонија

ГРОМСПОРЕД ГРОМ-НЕМА НЕРЕШЛИВИ ПРАШАЊА СО СОСЕДИТЕ

Во срдечна и работна атмосфера, денес во седиштето на мисијата на ЕУ во Македонија, во Скопје, кандидатот за претседател на државата  на Граѓанската опција за Македонија Зоран Поповски се сретна со шефот на мисијата на ЕУ, Аиво Орав и неговите политички советници. повеќе

ГРОМ е етничко огледало на Македонија

Зоран ПоповскиКандидатот за претседател на Република Македонија од ГРОМ проф. д-р Зоран Поповски, денес оствари  средба со Австрискиот амбасадор во Македонија, д-р Томас Михаел Бајер. Во едночасовниот разговор, австрискиот амбасадор се интересираше за програмата и стратегијата на претседателскиот кандидат на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ на претстојните претседателски избори. повеќе

ГРОМ им подава рака на граѓаните

Кликни за фотогалерија - Формирана ОО на ГРОМ – ДолнениФормирана 46. општинска организација на ГРОМ

„На претстојните избори, да го потиснеме стравот за да му отстапиме простор на разумот. Ако сите собереме храброст, сигурен сум дека ќе успееме за сите да обезбедиме подобра иднина“, порача лидерот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, од Основачкото собрание на Општинската организација на ГРОМ од Долнени. повеќе

ГРОМ ги отвора вентилите на слободата во Македонија

Кликни за фотогалерија - Формирана ОО на ГРОМ – Ново СелоИдејата за граѓанската опција продолжува да се шири со нескротливо темпо. На денешното 45 јубилејно основачко собрание кое се одржа во село Борисово, Перо Митрев беше избран за претседател на Општинската организација на ГРОМ на Ново Село. Со поздравен говор, основачкото собрание го отвори членот на Извршниот одбор на ГРОМ, Никола Георгиев кој искрено им се заблагодари на своите сограѓани за нивната несебична поддршка. повеќе

Бројот 4 за претседателскиот кандидат на ГРОМ

проф. д-р.Зоран ПоповскиПретседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија, Зоран Поповски, на вчерашното ждребување во Државната изборна комисија за редоследот на гласачкото ливче на претстојните претседателски избори, го доби бројот 4. повеќе

Интервју: Кандидатот Поповски – на „ринг“ со Боцевски

Зоран ПоповскиДенес, во радио емисијата “Ринг” на Ивица Боцевски на Радио Слободна Македонија гостуваше кандидатот за претседател на Република Македонија од ГРОМ г-дин Зоран Поповски.

Поповски на прашањето за тоа кој бил мотивот да ја прифати одговорноста како претседателски кандидат, одговори дека во својот живот ги поминал сите фази на преминувањето на Р.Македонија од едноумието кон плурализмот, но дека реално ништо се нема променето. повеќе

Страница 29 од 45« Прва...1020...2728293031...40...Последна »