ИЗВЕСТУВАЊЕ: Се одложува митингот на ГРОМ во Аеродром

ГРОМВе информираме дека поради временските услови се одложува митингот на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, закажан за вечерва во општина Аеродром.

Средба Поповски-Штајнакер

ГРОМГРОМ САКА НОВА ПОЛИТИЧКА ПОНУДА

Кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ Зоран Поповски денес одржа едночасовна конструктивна средба со германската амбасадорка во Македонија Гудрун Штајнакер. повеќе

Централен митинг на коалицијата ГРОМ во Кичево

Централен митинг на коалицијата ГРОМ во КичевоМАКЕДОНСКИОТ  ПРОСПЕРИТЕТ  ЗА  ГРОМ Е ПРИОРИТЕТ

Претседателскиот кандидат на коалицијата ГРОМ, Зоран Поповски, на вечерашниот митинг во центарот на Кичево, испрати силна порака до своите сограѓани. Тој најави дека има сигурно решение за негативниот тренд со кој се соочува нашата земја – масовната миграција  на младата популација надвор од својата татковина. повеќе

Акција за подигање на свеста за екологијата

Акција за подигање на свеста за екологијатаВо рамките на одбележувањето на Денот на екологијата, како дел од централната акција под мотото Еко младина – здрава средина, на 23 март 2014 година, Форумот на млади на ГРОМ – Охрид, заедно со Форумот на жени на ГРОМ – Охрид, одржа неколку акции за подигање на свеста за екологијата, славејќи го почетокот на пролетта. повеќе

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГРОМ МЕЃУ ТЕТОВЦИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГРОМ МЕЃУ ТЕТОВЦИВечерва, 25 март 2014 година, граѓани на Тетово, членови и симпатизери на Граѓанска опција за Македонија, имаа можност да поразговараат со претседателскиот кандидат на ГРОМ, проф. Д-р Зоран Поповски, лидерот на партијата, Стевчо Јакимовски, и со потпретседтелот на ГРОМ, Горан Анчески. повеќе

ГРОМ НЕДОСТИГАШЕ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА

Промотивен митинг на претседатескиот кандидат на ГРОМ во ГостиварФренетични аплаузи и громогласни скандирања на имињата на претседателскиот кандидат и на лидерот на ГРОМ го обележаа промотивниот митинг на проф. д-р Зоран Поповски вечерва, 25 март 2014 година, во Гостивар. повеќе

Средба: Герт Аренс- Стевчо Јакимовски

ГРОМДенес, во просториите на Републичкиот штаб на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ, шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, г-дин Герт Аренс со неговата делегација остварија работен состанок со претседателот на ГРОМ г-дин Стевчо Јакимовски. повеќе

Коалицијата ГРОМ стартуваше во претседателската трка

Коалицијата ГРОМ стартуваше во претседателската  трка НА МАКЕДОНИЈА И Е ПОТРЕБЕН ХРАБАР ЧОВЕК

Визијата, да се направи Македонија подобро место за живеење, ја наговести коалицијата предводена од Граѓанската опција за Македонија, Српската напредна странка, Партијата на слободни демократи и Титовите леви сили, на централниот митинг кој денеска се одржа на платото во ТЦ ,,Лептокарија’’, во населбата Карпош 3. повеќе

СПОРТ, ЕКОЛОГИЈА И МЛАДОСТ ВО АКЦИИТЕ НА ФОМ – ГРОМ

ФОМ ГРОМ БитолаНа 23 март 2014 година, како дел од централната акција на ФОМ-ГРОМ, и ФОМ ГРОМ – Битола одржа спортско-еколошка акција во Националниот парк „Пелистер“.

Дваесетина членови на Форумот на младите, потпомогнати од Општинската организација на ГРОМ-Битола, успешно ја спроведоа акцијата, која во духот на спортот и на екологијата, опфати пешачка прошетка и собирање отпад на Пелистер. Акцијата имаше и едукативно-креативен карактер, со тоа што младите остварија непосреден контакт со присутните граѓани-излетници, разговарајќи со нив за зачувување на природата и делејќи им јаболка со цел да се откажат од пушењето. Целта на таа постапка беше да се изврши влијание врз излетниците во насока на тоа да се намали непријатната навика на фрлање отпушоци на Пелистер, со што би се спречил и потенцијален пожар. повеќе

ФОМ-ГРОМ Центар со кампања против пушењето

ФОМ-ГРОМ Центар со кампања против пушењетоФорумот на млади на ГРОМ Центар, во неделата (23 март 2014) имаа активност за кампања против пушењето. Подмладокот од Центар делеше флаери на две локации, едната во Градскиот парк, а другата пред ТЦ „Буњаковец“. Активноста започна во 11 часот, а траеше до 13 часот. Од реакцијата на граѓаните, можевме да забележиме дека акцијата потполно го постигна посакуваниот ефект.

Кликни за фотогалерија

Страница 28 од 46« Прва...1020...2627282930...40...Последна »