Верифициран пратеничкиот мандат на Чедомир Саздовски

GROMДенеска, сабота (10.05.2014), се конституираше осмото по ред македонско собрание, во рамките на кое беа верификувани мандатите на сите 123 пратеници, избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 27 април годинава. Чедомир Саздовски е парламентарецот кој за првпат ќе ја претставува Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) во Законодавниот дом. Новоизбраниот пратеник од партијата на центарот, ќе има можност достоинствено да ја застапува волјата на граѓаните. повеќе

ГРОМ ВЛЕЗЕ ВО ПАРЛАМЕНТОТ НА РМ

GROMДенеска, 7 мај 2014 година, во салата за седници на Државната изборна комисија, организацискиот секретар на Граѓанска опција за Македонија, Чедомир Саздовски, на пригодна свеченост го прими Уверението за пратеник во Собранието на Република Македонија. Со ова ГРОМ и официјално стана дел од законодавниот дом.  повеќе

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: ГРОМ ја има ,,златната акција’’ во парламентот на Р.М

ГРОМНа денешната прес-конференција која лидерот на Граѓанската опција за Македонија ја одржа во централниот штаб на партијата, беше презентиран целосниот рекапитулар на претседателските и предвремените парламентарни избори. повеќе

ИНФО: Прес-конференција на Коалицијата ГРОМ

ГРОМПретседателот на Граѓанска опција за Македонија и лидер на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска, 28 април 2014 година, во 13.30 часот, во централниот изборен штаб на ГРОМ (ул. Рузвелтова бр.5) ќе одржи конференција за печат по повод резултатите од предвремените парламентарни избори.

ГРОМ – ЛУЃЕТО ЈА НОСАТ НАДЕЖТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Кликни за фотогалерија25.04.2014 година

„Со отворени очи и со јасна мисла, в недела, храбро да го заокружиме бројот 8 и да го дадеме гласот за Граѓанската опција за Македонија“, повика лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на вечерашниот завршен митинг на коалицијата во „Александар палас“, додека повеќе од две илјади симпатизери и членови громогласно скандираа „ГРОМ, ГРОМ“. повеќе

МАКЕДОНЦИТЕ ГО ПОДДРЖУВААТ КОНЦЕПТОТ НА ГРОМ

Кликни за фотогалерија24.04.2014 година

Во еден од своите најинспиративни говори, претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, ги охрабри сите граѓани кои присуствуваа на вечерашниот митинг, кој го одржа коалицијата ГРОМ во општина Центар. Во таа насока, лидерот на третата политичка опција им понуди избор на сите луѓе, на кои им недостасува слободата за непречено изразување на сопствениот став. повеќе

ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ЗА ГРОМ ОД СКОПСКИ КАРПОШ

Кликни за фотогалерија24.04.2014 година

Граѓаните на општина Карпош се задоволни од лидерот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, кој е нивни градоначалник, и му изразуваат целосна поддршка нему и на носителот на листата во изборна единица 1, Чедомир Саздовски, за претстојните парламентарни избори. Ова е генералниот впечаток од денешните средби што претседателот на ГРОМ, Јакимовски, ги оствари денеска со жителите на повеќе населби од Карпош. повеќе

Во организација на ФОЖ ГРОМ-Карпош

КЛИКНИ ЗА ФОТОГАЛЕРИЈАГРОМ ДОНИРАШЕ КНИГИ НА ГРАЃАНИТЕ

Форумот на жени ГРОМ-Карпош со сесрдна помош на општинските форуми на жени на ГРОМ од првата изборна единица реализираше донаторска акција “Подари книга, подари добра мисла- ГРОМ. Донирани беа околу 3000 наслови, книгите ги подарија жените на Граѓанската опција за Македонија. повеќе

ГРОМ ПОТПИСНИК НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ЗЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА

Zoki Lile MarjancoНа 22 април, Денот на планетата Земја, Коалицијата ГРОМ ја поддржа и ја потпиша Платформата „За Зелена Македонија“ изготвена и усвоена од 25 невладини организации кои дејствуваат во сферата на заштитата и унапредувањето на животната средина во Македонија. повеќе

ГРОМ Е БАЛАНС НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА

Кликни за фотогалерија22.04.2014 година – Митинг во Куманово

Караванот на Граѓанската опција за Македонија неуморно продолжува да крстари низ Македонија. Притоа, тој вечерва, покрај денските средби со граѓаните, заврши со голем митинг пред кумановските политички симпатизери на коалицијата ГРОМ. Жителите од Куманово, сигурни во својата политичка определба, храбро застанаа и со громогласни аплаузи ги пречекаа претседателот на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, коалиционите партнери како и носителот на листата за изборната единица број 2, Виктор Цветковски. повеќе

Страница 20 од 45« Прва...10...1819202122...3040...Последна »