ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: Заев бега од кривични пријави

02.06.2017 година

Отворениот повик на новоизбраниот премиер на Република Македонија Зоран Заев до републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски да си поднесе оставка, беше повод  денеска потпретседателот на Граѓанската опција за Македонија Љупчо Пренџов да одржи конференција за печат. Во својата изјава до медиумите, Пренџов истакна дека како што претпоставуваше ГРОМ, премиерот на Хојт Ји, Зоран Заев уште не седнат во фотеља го покажува своето вистинско лице. повеќе

СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА Е НЕПРАВДА!

02.05.2017 година

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ вечерва одржа седница на Извршниот одбор и ја разгледа политичко безбедносната состојба во Република Македонија. Истата беше оценета како многу сложена и тензична. Членовите на Извршниот одбор  оценуваат дека двегодишното политичко насилство од политичарите врз граѓаните, на 27 април се претвори во физичко насилство од народот врз политичарите.

повеќе

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: Широк консензус за излез од длабоката криза

28.04.2017 година

„Граѓанската опција за Македонија смета дека од осамостојувањето на државата до денес, Република Македонија не била во поголема политичка и безбедносна криза. Оваа денешнава е потешка и поопасна дури и од кризата која ја имавме во 2001 година“, ова денеска во своето обраќање до медиумите  од партиското седиште го истакна претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски. повеќе

Велигденска хуманитарна акција „За среќни велигденски празници“

17.04.2017 година

Форумот на жени на ГРОМ, во пресрет на големиот христијански празник Велигден, организираше Велигденска хуманитарна акција „За среќни Велигденски празници”.
Со цел убавината на овој празник да ја почувствуваат бројни социјално загрозени семејства, осамени стари лица, самохрани родители, штитеници на старечки домови, но и да се посетат и испочитуваат соседите од друга верска припадност и како симбол на соживот да се подарат црвени Велигденски јајца. повеќе

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: ПОДДРШКА ЗА МАНИФЕСТОТ – „НЕ“ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

 04.04,2017 година

,,ГРОМ  го поздравува  духот и граѓанскиот концепт за развој на Република Македонија кој превладува во обзнанениот „Манифест“ , со нагласка на основните граѓански и човекови права: правото на самоидентификација, на религиозна определба,  за зачувување и промоција на идентитетот и посебностите на сите наши сограѓани: Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други кои се дел од мултикултурализмот во македонското општество“! повеќе

Прво обраќање на пратеникот Панчо Минов на собраниската конститутивна седница

27.03.2017 година

повеќе

ГОРАН МИХАЈЛОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРОМ-КАРПОШ

26.03.2017 година

Горан Михајлов е акламативно избран за нов, втор по ред претседател на општинската организација на ГРОМ – Карпош. На денешното второ собрание на Граѓанската опција за Македонија- Карпош, исто така беа одбрани и општинскиот и надзорниот одбор на оваа општинска организација. Досегашниот претседател на ГРОМ- Карпош Оливер Станоески, ретроспективно направи осврт на четиригодишниот мандат, напоменувајќи дека водењето на најголема  општинска организација на Граѓанската опција за Македонија било чест, привилегија но и голема обврска. повеќе

ИЗЛЕЗ ОД ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА – НОВИ ИЗБОРИ

12.03.2017 година

“Единствено нови парламентарни избори се излез од длабоката политичка криза“. – Ова денес го истакна претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски. Лидерот на ГРОМ нагласи, дека политичката криза се проширила, односно, токму како што навестуваше ГРОМ политичката, прејде во меѓуетничка криза, за денес да имаме и уставна криза.

повеќе

Форумот на жени на ГРОМ со љубов и прегратки за своите сосетки

08.03.2017 година

Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија, по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, подари љубов и прегратки на своите сосетки. Жените на ГРОМ од сите општински форуми ширум Македонија, ги посетија осамените, стари, болни и изнемоштени сосетки, повеќе

ЦВЕЌЕ ОД ФОМ ГРОМ ЗА ДАМИТЕ

08.03.2017 година

Со подарување на  цвеќе, Форумот на Младите на ГРОМ им го честиташе празникот на жените,  ,,Меѓународниот ден на жената 8- Март“. Младите громовци им оддадоа почит на припадничките на понежниот пол, честитајќи им го денот, кога се одбележува борбата на жените за нивна политичка, економска, социјална и материјална рамноправност со машкиот род. Во некои земји, овој празник е прогласен за државен, додека во Република Македонија, се празнува симболично, најчесто со подарување на цвеќе на жените. ФОМ ГРОМ им посакува на сите девојки, мајки, баби, жени успешност преку целата година. повеќе

Страница 2 од 4612345...102030...Последна »