Прес – конференција: ВАНХОЈТЕ-PERSONA NON GRATA

0126.03.2016 година

Денеска, во централното партиско седиште, претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, одржа прес конференција. Поводот за истата беше интервјуто на европскиот дипломат Питер Ван Хојте за ,, Дојче Веле,, во кое,според Граѓанската опција за Македонија, тој неочекувано го раскажа целиот заговор. повеќе

Прес-конференција: Кривична пријава за министерот за внатрешни Оливер Спасовски

0319.03.2016 година

Во партиското седиште на Граѓанската опција за Македонија, денес претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, одржа  конференција за печат. Во своето обраќање до медиумите, тој како што истакна наместо ,, тралала,, кривичната пријава која му беше поднесена од страна на министерот за Внатрешни работи за собирот со кој се одбрани Уставниот суд, ГРОМ одговара со поднесување на издржана и сериозна кривична пријава. повеќе

Прес-конференција: Граѓаните ја одбранија државата

0116.03.2016 година

Актуелните настани, кои во овие два изминати денови, се случуваат пред, и се поврзани со Уставниот суд, беа повод денес претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, во централното седиште на партијата да одржи прес конференција. Во своето обраќање пред присутните медиуми, тој истакна дека вчера и денес, на дело се покажа колку голема и нераскинлива е врската меѓу институциите на системот и македонскиот народ. повеќе

Прес-конференција: ГРОМ повикува на одбрана на институциите

0314.03.206 година

Континуираниот напад врз институциите на системот, кој се почесто се случува во последниот период, беше повод претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, денеска да одржи прес конференција во партиското седиште. повеќе

ГРОМ против притисокот врз институциите

GROM13.03.2016 година

Граѓанската опција за Македонија осудува секаков вид притисок и девалвација на институциитена државата.

Во изминатите неколку месеци сме сведоци на тоа како се врши континуиран притисок и грубо непочитување на институциите на државата.

Сценариото е видливо. Најнапред, интенцијата беше да се покаже дека нема водство кое може да ја води државата, а сега тој обид се префрла врз институциите на системот, врз обвинителството, врз судовите, како и врз највисоките судски инстанци, Врховниот, а во последно време посебно врз Уставниот суд. повеќе

Прес-конференција: СДСМ „прогледа“ по децениско слепило?!

press12.03.201612.03.2016 година

Во централното партиско седиште, генералниот секретар на Граѓанската опција за Македонија Виктор Цветковски, одржа прес конференција по повод последните актуелни случувања поврзани со избирачкиот список, кој деновиве го лиферуваше Државната изборна комисија. Секретарот Цветковски, напомена дека ГРОМ секогаш зборува аргументирано, со факти и докази. повеќе

Градската организација на ГРОМ Скопје им подари црвени рози на нашите сограѓанки

12832315_10205354874703041_2693920139067979038_n08.03.2016 година

Градската организација на ГРОМ СКОПЈЕ, во координација со Oпштинските Oрганизации по трет пат спроведе акција, по повод Меѓународниот ден на жената ,,8 Март”. повеќе

Прес – конференција: Додека СДСМ-овските општини хибернираат – Карпош се гради

DSC_878007.03.2016 година

Во главното партиско седиште, денеска претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, одржа прес конференција, на која како што истакна, претстави и една друга, цврсто аргументирана и громовска вистина за Македонија. повеќе

Прес – конференција: „СВАДБАТА“ НА ЈАНЕВА ГО ЗГАЗИ СУДСТВОТО

foto_press_web04.03.2016 година

Последните актуелни случувања на македонскта политичка сцена, беа повод лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски да се обрати пред медиумите.Тој истакна дека во моментов имаме состојба во која министерот за труд и социјална политика не спроведува судска одлука, додека министерот за внатрешни работи апси градоначалник без судски налог. Понатаму, лидерот на опозицијата Зоран Заев одложува судење со изговор дека адвокатите му се во странство. Врвот на целата оваа ситуација е специјалната обвинителка Катица Јанева која даде изјава за медиумите дека го пролонгирала судењето на Зоран Заев во аферата „Поткуп“, со изговор дека е презафатена со организирање на свадбата на нејзината ќерка и со пречекување на претстојниот празник Великден. повеќе

Црвениот бумбар

stveco jakimovski28.02.2016 година

„Кога секој инсект би носел мед, бумбарот би собрал најмногу“. А знаете ли зошто..? Ќе ви кажам друг пат. Нашиве бумбари од СДСМ како што е вообичаено, само брмчат, ама не носат мед, односно нема никаква корист од нив.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, запрашан за нападот врз Тодор Петров од страна на Беќир Асани, денес од Тетово, кутриот одговори, дека го осудувал настанот: „Без разлика кој тепал и кој бил тепан, никој во Македонија не смеел никого да тепа“. Нема што, епохална изјава! Слична на онаа на Милошевиќ дадена 1989 година во Косово Поле „Нико не сме да вас бије“. повеќе

Страница 10 од 46« Прва...89101112...203040...Последна »