ВЕЛИГДЕНСКА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ГРОМ
Форумот на жени на ГРОМ организираше Велигденска хуманитарна акција ,,Радост и љубов за Велигден”. Жените на ГРОМ празничните денови ги поминаа во дружење со осамени стари лица, самохрани родители и семејства во социјален ризик, подарувајќи им Велигденски подароци и неопходни продукти кои барем за миг им ги разубавија празничните денови. Форумот на жени на ГРОМ им стои на располагање на сите граѓани кои имаат потреба од било каков вид на подршка.