Соопштение на ГРОМ за одлуката на Македноското МНР да протера еден дипломат од амбасадата на Русија

 

Скопје,27.03.2018 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

Со вчерашната одлука за протерување на еден дипломат од амбасадата на Русија, МНР Никола Димитров покажа дека е пропадната инвестиција и го изгубил дипломатскиот компас некаде на патувањата во светот.

Како ќе се чувствуваше доколку неговиот татко кој беше амбасадор во Русија беше прогласен за ‘’persona non grata’’ без причини и директен повод.

ПМВ  Заев и  МНР Димитров со сите нивни погрешни чекори и непромислена дипломатија го пишуваат епитафот на државата Република Македонија.

Со кого се солидализира Заев и Димитров, со тие што не ја признаваат државата Република Македонија и ја сметаат за пион за жртвување во реализација на туѓи геостратешки интереси. Се солидаризираат со тие што се мајтапат со македонскиот народ.

Дали е ова дел од сценариото за промена на името на државата Република Македонија и се провоцира реакција на големата и силна Русија која игра важна улога во подршката на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија насекаде и во Обединетите Нации.

ГРОМ внимателно ги следи настаните и искажува загриженост дека Владата ќе ја доведе државата  Република Македонија во вакум состојба на безимена држава со цел рушење на сите идни преговарачки позиции.

ГРОМ не се согласува со погубната дипломатска активност на ПМВ Заев, МНР Димитров и останатите високи функционери од Владата на Република Македонија кои не поседуваат ниту „д„ од државна дипломатија.

  Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ

 

 


Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin