ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: НОВ РЕКРЕАТИВЕН КОМПЛЕКС НА КЕЈОТ ВО КАРПОШ

12.10.2017 година

„Ќе изградиме летно кино, целосно ќе го реконструираме постоечкиот Скејт парк, исто така ќе направиме ново детско игралиште со реквизити, и ќе направиме парк за миленичиња“. Ова денеска од кејот на реката Вардар го најави кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Јакимовски исто така напомена дека граѓаните од овој дел на локалната самоуправа, со изградбата на овој забавно- рекреативен центар ќе имаат одлична можност, особено во вечерните летни часови, но и преку ден, да рекреираат и да се забавуваат.

-Сето ова го правиме, за да создадеме една рекреативна целина, во која и повозрасните заедно со своите деца ќе можат да уживаат во содржината која ќе ја понуди овој рекреативен комплекс. Ова особено важи за граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4, но и за карпошани од другите населби и урбани заедници од територијата на локалната самоуправа, потенцираше Јакимовски.

Овој забавен парк, ќе се простира на кејот на Вардар, на потегот помеѓу урбаните заедници Карпош 3 и Карпош 4.