ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: ПАРКИНГ ПЛАТФОРМИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ПАРКИРАЊЕ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Денеска, кандидатот за градоначалник  на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, на паркингот  пред болницата „8 Септември“, најави изградба на паркинг – платформи  на локациите низ Општината, каде што граѓаните имаат најголем проблем со паркирање на своите автомобили. Како што истакна Јакимовски, токму тука на паркингот пред болницата ќе биде изградена паркинг –платформа на три ката со која ќе се реши сообраќајниот метеж и проблемот со паркирање на возилата на граѓаните кои живеат во овој дел од локалната самоуправа.

  • Граѓаните од Карпош 3 имаат проблем со паркирање на своите возила, бидејќи оваа болница опслужува голем број на пациенти од градот Скопје. Со платформата е предвидено, на првиот кат вработените во болницата да ги паркираат своите возила, додека на другите катови ќе се паркираат возилата на граѓаните кои ги посетуваат своите блиски  во болницата. Со тоа значително ќе се намали сообраќајот во овој дел од Општина Карпош и ќе се реши проблемот со паркирање на возилата на граѓаните од оваа урбана заедница, нагласи Јакимовски.

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски исто така најави изградба на катна гаража и во населбата Карпош 2 кај комплексот „ Мида“, со што исто така ќе се реши проблемот со паркирање на граѓаните кои живеат во тој дел од Општината. Инвестицијата за изградба на овие паркинг платформи  ќе чини околу 3.5 милиони евра, пари обезбедени од буџетот на локалната самоуправа.