ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: БЕСПЛАТНИ МОНТАЖНИ ПАРКИНЗИ ЗА ЖИТЕЛИТЕ ОД У.З. КАРПОШ 1

28.09.2017 година

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски на денешната прес конференција која ја одржа во урбаната заедница Карпош 1, најави изградба на нови монтажни паркинзи за жителите од овој реон.

-Паркирањето во Карпош и понатаму ќе биде бесплатно. Токму затоа, на оваа локација ќе поставиме монтажни паркинг платформи, каде станарите од трите згради на улиците Гиго Михајловски бр. 10, булеварот Рузвелтова бр. 63 и улицата Орце Николов бр. 153 ќе можат слободно да ги паркираат своите автомобили. Наменскиот паркинг ќе биде со зголемен капацитет на три нивоа: подрум, приземје и катна платформа – објасни Јакимовски.

Лидерот на Граѓанската опција за Македонија посочи дека станарите од овие три станбени објекти  имаат сериозен проблем со наоѓање на слободно паркинг место, бидејќи жителите од општина Центар ги паркираат своите возила на оваа локација.

-Советувајќи се со стручните лица, донесовме решение со кое ќе го надминеме конкретниов проблем. За таа цел, на самиот влез од булеварот Рузвелтова бр.63 кон улицата Гиго Михајловски бр. 10 ќе поставиме паркинг-рампа со далечински управувач, кој ќе го користат станарите од овие згради – образложи  Стевчо Јакимовски.