ГРОМ НА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ПОД БРОЈОТ 12

19.09.2017 година

Граѓанската опција за Македонија ГРОМ го доби редното место број 12 на гласачките ливчиња за претсотојните Локални избори 2017 година.

На денешното жребување во Државната изборна комисија, согласно Изборниот законик, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош кандидиран од партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски ќе го носи пред своето име бројот 12.

Истиот број ќе го носи и листата на кандидати за советници на Општина Карпош и Општина Кавадарци.