Тимот на ГРОМ со полна пареа се подготвува за претстојните локални избори

15.09.2017 година

Со цел да се одбегне злоупотреба на принципите и правилата за заштита на лични податоци за време на локалните избори, во Дирекцијата за заштита на личните податоци се спроведе обука која е дел од проектот: „Поддршка за пристап до правото на заштита на личните податоци” финансиран од Европската Унија. 

На обуката како претставници на Граѓанската Опција за Македонија беа дел од стручниот тим експерти од оваа област, Анета Манчевска, Маја Стаменковска и Перица Јаневски.

Се презентираа техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци. Се отвори дискусија во која се разменија искуства и практики со претставниците од другите политички партии.

Основната цел на проектот е да се подобри заштитата на лични податоци во Република Македонија согласно ЕУ легислативата. Исто така, преку овој проект се очекува да се обезбеди понатамошно подобрување (правно и институционално) на рамката за заштита на лични податоци во Република Македонија согласно добрите ЕУ практики.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin