Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Окупација!

23.08.2017 година

Во моментов Македонија е под таканречена  мека окупација, ќе прашате од кого?

Од стратешкиот партнер се разбира.

Кога си под мека опупација, исто како да си фатил работа со лихвар, плаќаш камати а никако крајот да дојде. Некогаш добиваш и зауши, ти претат на деца, на жена, но пак ќе ги платиш каматите со арно или со лошо.

Така и нашиве марионети од квислишката влада што ќе побараат од нив – се исполнуваат.

Најпрвин, договор со Бугарија. Се потпиша на штета на нас, македонците, за што долгот за носење –  за поставување на чело на владата, треба да се враќа. Каматата е идентитетот, јазикот, и откажување од грижата за дијаспората. Но нормално, тука пројде и она барање дека бугарите од 41 до 44 не биле фашисти туку биле лепотани.

Пројде вториот месец, мора да се плати и втората камата, а тоа е законот за двојазичност. Сега проаѓа и третиот месец. Нова Камата. Треба да ги шпионираме србите и да уфрлиме разузнавачи кои ќе помогнат во соборување на Вучиќ.Тој, кутриот си ги решил проблемите во својот двор па ќе изигрува платеник, странски легионер и во Србија.

Ќе дојде и следниот месец, треба да се усвои стратегијата за бегалци. Па потоа да се примат над 100.000 бегалци. Да им се дадат станови, куќи, да се вклучат во образовниот процес, финансиски да се стимулира нивното вработување и се разбира да им се дадат македонски државјанства па потоа да ги ставиме и на избирачкиот список. Оние од пустец, ни сметаше што организирано доаѓаат да гласаат а овие 100.000 сиријци што ќе ни ги донесат организирано, се разбира да гласаат,  нема да ни сметаат?!

И тоа не се! Кога некоја странска компанија ќе сака да купи македонска фирма или сака да инвестира, тие ќе ти кажат: овој не смее да влезе во Mакедонија зошто е поврзан со русите. Друг инвеститор ќе ти кажат дека е од кинеско потекло a Mикросан од Прилеп кога ќе сака да извезе некоја машина, тие ќе ти наредат да му забраниш извоз зошто истата би можела да има двонаменска употреба, наводно да се користела за производство на оружје. Како викаше Тито: И тако даље, и тако даље…

Таква е судбината на оние што си одбрале стратешки партнер.

Постојано се чувствуваат како задникот да си го избришале со коприва. И нема крај на слугувањето, и на печењето од копривата.

Што би рекол Лане Гутовиќ: Ако неќеш ти…има ко хоке!

Кога на овој ќе му дојде преку глава или рејтингот ќе му биде толку низок, тие наоѓаат нова будала.

Во моментов Зоран Заев е тргнат на пловидба без копно. Копното не го гледа. Пловидба без копно е полно со нови обрски и исполнување на ветувања.

Исполнување на ветувања за туѓи интереси задолжително предизвикува емоции кај народот а тоа значи дека повторно ќе има тензии, повторно емотивни дискусии и превирања, а мир, стабилност и просперитет никако!

Тоа е ќарот што си имаме стратешки партнер. Раат да седиш, неможеш никогаш.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin