СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: БЕГАЛЦИТЕ ДА ГИ ПРИМАТ ОНИЕ КОИ ГИ БОМБАРДИРАЛЕ

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е еден од потписниците на Иницијативата за распишување референдум против изградба на бегалски кампови во општините низ Македонија, меѓу кои е и Карпош. Во таа пригода Јакимовски изјави:

– Македонија не е држава која ја бомбардирала или учествувала во
бомбардирањето на Сирија, и затоа нема обврска да ги прими бегалците. Кој ги бомбардирал, тој нека ги носи кај него, а во случајов тоа се САД и Русија.


Не можеме да се согласиме да ни донесат бегалци во Општина Карпош и да им дадат станови и тоа истите оние кои тврдат дека Општината е загадена, пренаселена и преурбанизирана.
Македонија треба да прими бегалци, и таков е редот, доколку има воени
дејствија во регионот, како што тоа беше случајот со бегалците од Босна и Херцеговина и Косово.


Во Стратегијата за бегалци, најголемиот дел од обврските се префрлаат врз локалната самоуправа и тоа преку барањето да им обезбедиме домување, да ги вклучиме во образовниот процес, односно во нашите училишта, да им обезбедиме стимулативни мерки за вработување, додека Владата презема мерка само да им обезбеди државјанство.
Општина Карпош не е подготвена да прими 5.000 бегалци од Сирија и да го загрозува животот на останатиот дел од граѓаните.

Токму затоа ја потпишувам оваа иницијатива изјави вчера, првиот човек на Карпош Стевчо Јакимовски.