НА ДЕНЕШЕН ДЕН РУСИЈА ЈА ПРИЗНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

05.08.2017 година

Во 1992 година, односно пред точно 25 години,  претставникот на Москва Виталиј Чуркин ја донесе нотата со која Руската Федерација официјално ја призна Република Македонија под уставното име.На 5 август, заменик-шефот на руската дипломатија, Виталиј Чуркин, пристигнува во Скопје и му ја предава нотата со која Русија ја признава Македонија под уставното име, на тогашниот македонски министер за надворешни работи, Денко Малески.

Во тоа време, односно од јуни 1992 до октомври 1994 година, Чуркин беше заменик на тогашниот руски министер за надворешни работи, Андреј Козирев.