ЛИДЕРОТ НА ГРОМ НА ПАРТИСКА СРЕДБА ВО „ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА“

20.07.2017 година

Денес, во Москва, претседателот на Граѓанската опција за Македонија –ГРОМ Стевчо Јакимовски оствари неколкучасовна средба со Сергеј Железњак, Секретар на Генералниот совет за меѓународни односи на партијата „Единствена Русија“  и функционер на руската Дума, и Константин Петриченко, раководител на Меѓународниот одел во „Единствена Русија“.

На средбата која мина во конструктива и пријателска атмосфера беше разговарано за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за позицијата на ГРОМ околу клучните прашања во моментот во земјата.

Во разговорите, двајцата високи функционери на партијата на Путин „Единствена Русија“, на лидерот на ГРОМ  уште еднаш му ја потврдија  поддршката околу борбата за зачувување на  името, јазичниот, културниот и духовниот идентитет на Република Македонија и унитарниот карактер на државата.

Беше разговарано и за огромните можности за економска соработка меѓу Македонија и Русија, особено во областа на земјоделството, вкупната економија како и за потребата од укинување на визниот режим меѓу двете земји.

На состаноткот беше искажана потребата за размена на политичкото искуство меѓу двете партии, особено меѓу партиските подмладоци.