СООПШТЕНИЕ: Фирмите во Карпош, жртви на политички рекет од СДС

05.07.2017 година

Исплашени од се посигурната перспектива за останување во опозиција во најурбаната општина во Скопје, општина Карпош, владеачката СДС, затскриени позади наводни невладини организации вечерва организираше протестен марш по улиците на општината.

Собрани од цело Скопје, околу 150 партиски активисти маршираа поради наводата „насилна“ урбанизација на општина Карпош. Рутата на движење на малата група партиски активисти е пред оние згради, како што велат инвеститорите, од каде што сеуште немаат земено рекет, или биле одбиени.

Дека ова е така, тврдат и некои од сопствениците, односно, инвеститорите кои биле предмет на барање на рекет од овие луѓе, а откако одбиле да бидат рекетирани, СДС нивните партиски активисти ги испраќа пред нивните објетки.

Граѓаните во Карпош се загрижени затоа што владеачката СДС нема проекти и визија за развој на општината. Во исто време знаат дека се што е направено во изминатите години, и најголемиот прогрес Карпош го направи токму со градоначалникот Јакимовски. Граѓаните од одденимесни заедници не можат ниту да се сетат на било каква инвестиција или проект изработен од градоначалник од редовите на СДС.

Кога Андреј Петров и Сашо Кузмановски ја водеа општината, главна преокупација им беше шетањето по странство и престојот по кафаните во општината.

СДС се возбудени затоа што и покрај нивната омраза, и неаргументирани критики против градоначалникот на општина Карпош, на јавните анкети граѓаните наредниот четиригодишен мандат сакаат да му го доверат на оној кој општина Карпош ја води напред.

Со вечерашното носење на партиски активисти од цело Скопје, уште еднаш потврдуваат дека во наредните четири години СДС во Карпош се подготвува да остане длабоко во опозиција.