Форумот на жени на ГРОМ -Карпош во посета на Македонско село

25.06.2017 година

Додека граѓаните на Република Македонија се одмараат и радуваат на продолжениот викенд во различни краишта на нашата држава и надвор од неа, а граѓаните од исламска вероисповед го празнуваат големиот празник Рамазан Бајрам, дел од Форумот на жени ГРОМ Карпош заедно со пријателките од сестринските Форуми од Ѓорче Петров и Бутел топлото скопско утро го поминаа во пријатна атмосфера на само 5км оддалеченост од срцето на градот Скопје во прекрасниот комплекс Македонско село.

Прво следуваше заедничка прошетка низ македонските куќи од различните краишта на Македонија, па мала почивка со заедничко кафе и дружење во Македонскиот ан.


Прошетката се заврши со посета на прекрасниот манастир Св. Пантелејмон, каде тивкото ветерче не поттикна на заеднички планови за нови прошетки низ нашата убава татковина. Жените на ГРОМ никогаш не сопираат секогаш се подготвени за нешто ново: ново дружење, нови пријателства, нови идеи и планови за активности, пружање на помош, ширење на позитивната енергија и се друго што е дел од нашето општествено делување.