Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Изборен состанок на Форумот на жени на ГРОМ -Росоман

15.05.2017 година

На 12 -ти мај беше одржан изборен состанок на Форумот на жени на ГРОМ -Росоман. За претседател на Форумот на жени на ГРОМ -Росоман беше избрана Љупка Ристевска, за потпретседател Марина Атанасовска, за секретар Славица Трипунова. На изборниот состанок присуствуваа Добрила Андоновска претседател на Форумот на жени на ГРОМ, Славица Новачевска генерален секретар, Валентина Додевска организационен секретар, претседателката на Форумот на жени на ГРОМ -Неготино Христина Трајковска и претседателот на ОО на ГРОМ -Илинден Горан Гочевски.

На состанокот се разменија согледувања за актуелната политичка ситуација, се дискутираше за проблемите со кои се среќаваат жените од Росоман и за нивно можно решавање и за годишната програма на активности која ќе ја реализира Форумот на жени на ГРОМ – Росоман. Изборниот состанок помина во пријатна атмосфера и сите се збогатија со нови пријателства кои се добра основа за успешна соработка.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin