ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ ВО СЕДИШТЕТО НА ГРОМ

12.05.2017 година

Велат каде што царува уметноста таму секогаш има позитивна енергија. Таква беше и атмосферата во седиштето на Граѓанската опција за Македонија ГРОМ. „Поетската вечер на Љупка Аначков”, во организација на форумот на жени ГРОМ Карпош започна токму како што доликува со стихови, со песна за македонскиот херој Гоце Делчев, со песна за Македонија.

Претседателката на форумот на жени ГРОМ Карпош ја најави поетесата Љупка Аначков преку нејзините творби. Љупка Аначков преку своите песни и раскази не однесе во детството, во младоста, ја возвиши љубовта, семејството, не расплака потсетувајќи не на болката при загубата на најблиските, ни раскажа за носталгијата по родниот крај, не потсети дека човечноста треба да се негува. Едноставно ни стави на дланка дел од својата душа.

Во прекрасна атмосфера продолжи и остатокот од вечерта со закуска приготвена од вредните раце на жените на месниот форум Карпош 2. Специјален гостин на вечерта беше претседателот на општинската организација Карпош, господинот Горан Михајлов.
Вечерта на стихови продолжи со музика.