Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ГРОМ “ВО ГРАДОТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ”

09.04.2017 година

Форумот на жени на ГРОМ на 9-ти април го посети Крушево. Овој прекрасен македонски град се разубави од насмевките и позитивната енергија со која го преплавија градот 853 жени од Граѓанската опција за Македонија.

Жените на ГРОМ со огромна почит и љубов  положија цвеќе и се поклонија пред вечниот дом на незаменливиот Тоше Проески.

Посетена беше Спомен куќата на Тоше Проески, која со 350 автентични експонати раскажува за детството, тинејџерските години, врвот на кариерата и вербата и хуманоста на најголемата македонска звезда. Спомен куќата на Тоше е отворена на 21 април 2011 год.  и истата година е наградена со престижна награда за најдобро  архитектонтско  дело  на Меѓународен натпревар на архитектура во Барселона.

За  жените на ГРОМ беше  значајно сознанието дека 9-ти април ќе биде запаметен како ден кога најголема организирана група, после  денот  на отварањето на музејот, ја посетила Спомен куќата на нашиот Тоше.

Жените на ГРОМ го посетија Македониумот, импозантен споменик откриен на 2 август 1974 год. на денот на триесетгодишнината од заседанието на АСНОМ и 71 –вата годишнина од Илинденското Востание. Во Македониумот се наоѓа споменикот на Никола Карев. Овој грандиозен  споменик  ја означува непокорноста, борбата и вечниот стремеж на македонскиот народ за самостојна држава.

Жените на ГРОМ кои изразија желба го посетија и Манастирот Св. Преображение, црква која ја градел Тоше со неговиот татко Никола и која се одликува со својот иконостас од бел мермер, црква која заблескала со својот сјај неколку месеци по смрта на Тоше Проески. Беше посетен и 32 метарскиот крст кој е поставен на тригодишнината од заминувањето на нашата музичка легенда.

Граѓаните на Крушево ги поздравија жените на Граѓанската опција за Македонија за нивната организираност и почитта која ја изразија кон сите великани од древното Крушево.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin