ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: ПОДДРШКА ЗА МАНИФЕСТОТ – „НЕ“ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

 04.04,2017 година

,,ГРОМ  го поздравува  духот и граѓанскиот концепт за развој на Република Македонија кој превладува во обзнанениот „Манифест“ , со нагласка на основните граѓански и човекови права: правото на самоидентификација, на религиозна определба,  за зачувување и промоција на идентитетот и посебностите на сите наши сограѓани: Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други кои се дел од мултикултурализмот во македонското општество“!

Ова денес го истакна потпретседателот на Граѓанската опција за Македонија Љупчо Пренџов,  по повод објавениот „Манифест“ од страна на ВМРО – ДПМН, во своето обраќање до медиумите.

Потпретседателот Пренџов,  исто така нагласи дека ГРОМ го поддржува залагањето на државата да продолжи да го подобрува амбиентот за функционална пазарна економија и претприемаштво, како главен услов за развој на економијата и предуслов за создавање на побогато општество и индивидуи.

  • ГРОМ го поддржува „Манифестот“ , исто така зошто јасно ја отсликува нашата евроатланска ориентација , бидејќи сметаме дека ги делиме истите вредносни системи со западните држави. Овој „Манифест“ го потенцира унитарниот карактер на Република Македонија и непроменливоста на Уставот врз основа на дневно политички пазарења. За нас, посебно е прифатлив делот на отстранување на мешање во внатрешните работи на државата од страна на било кои странски влади или нивни претставници, дециден беше Пренџов.
  • Потпретседателот на Граѓанската опција за Македонија , напомена дека конечно, за прв пат, во овој документ  се промовира дијалог на власта и опозицијата во рамките на институциите на системот  за клучните прашања од национален интерес. Пренџов нагласи дека единствена работа за која ГРОМ има резерви е прашањето за името и можноста тоа да биде поставено на референдум.
  • Ставот на ГРОМ веќе одамна е искажан и јасен: ,, Ние името ниту сме го добиле на референдум, ниту ќе го смениме на референдум“. Такво право нема ниту една од сегашните или идни генерации граѓани на оваа држава. ГРОМ и натаму ќе стои зад државните интереси на Македонија и ќе ги поддржува сите активности во таа насока, го заврши своето излагање пред медиумите, потпретседателот на Граѓанската опција за Македонија Љупчо Пренџов.