ФОЖ Штип со донација на играчки по повод светскиот ден на аутизмот
02.04.2017 година
Форумот на жени ГРОМ–Штип, по повод 2-ри Април, светскиот ден на борбата против аутизам, беше во посета на децата во Дневниот центар за аутизам при општина Штип.
Во знак на поддршка им беа подарени повеќе меки плишани мечиња, подржувајќи ја глобалната кампања во борбата против аутизмот, како и здружението на родители на деца и возрасни со аутизам и сродни состојби – „Сплотени срца“.
Минатата година ветивме дека повторно ќе ги посетиме и тоа ветување го исполнивме.