Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Форумот на жени на ГРОМ -Прилеп со акција за помош на лица со епилепсија

27.03.2017 година

По повод Виолетовиот ден на 25 -ти Март во Прилеп, беа поставени неколку штандови од страна на Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на лица со епилепсија.

По тој повод Форумот на жени од ГРОМ Прилеп, во соработка со О.О од ГРОМ организира акција за донација на финансиски средства. За таа цел се изработија привезоци со логото на здружението.

Жените од ГРОМ активно се вклучија во продавање на привезоците и средствата собрани од продажбата се донираа на здружението во знак на поддршка. Голема благодарност до сите граѓани кои несебично покажаа хуман гест со што овозможија да се соберат средствата кои што ќе бидат донирани на жиро сметката на Здружението „Епилепсија Македонија“.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin