Прво обраќање на пратеникот Панчо Минов на собраниската конститутивна седница

27.03.2017 година

Пратеникот Панчо Минов во своето обраќање ја изрази својата согласност со дискусијата на колегата Антонио Милошевски во целина и со дополнување во делот на критериуми за тоа која е репрезентативноста на личноста за иден Претседател на Собранието на Република Македонија. Покрај согласноста за исполнување на критериумот да биде претставник од победничката парламентарна група на Коалицијата “За подобра Македонија”, неодминлив и обавезен критериум треба да биде тоа личност репрезентент и авторитет кој ќе биде во функција на разрешување на сегашната криза во државата и поделбата на граѓаните на Република Македонија. И тоа по суштински прашања – каде имаме од една страна заштита на уставен суверенитет, а од друга загрозување на унитарноста на РМ; имаме од една страна власт на победникот, од друга страна имаме застапување и голема желба за голема промена на власт и по цена на официјализирање на познатите етнички барања. Во овој контекс, тргнувајќи од аспект на граѓаните на Република Македонија е и обавезниот критериум да идниот Претседател на Собранието на Република Македонија да го слушне, да го обсервира и да го осмисле гласот на народот кој што и во мое Кавадарци и во цела Македонија застапува унитарност и сувереност на Република Македонија.