Жените во политиката, со фокус на локалните избори 2017

26.03.2017 година

Во организација на Националниот Демократски Институт, Форумот на жени на ГРОМ во периодот од 24 – 26 март 2017 година учествуваше и на последниот циклус во обуката за учество на жените во политиката, „Жените во политиката – со фокус на локалните избори во 2017“.

Претставнички на Форумот на жени ГРОМ беа потпретседателката на Форум на жени -ГРОМ, г-ѓа Бети Тасевска и Организациониот секретар на Форум на жени -ГРОМ, г-ѓа Елизабета Димоска.

Обуката се состоеше од предавања и работилница во врска со начинот на водење кампања за градоначалник или советник, симулација на кампања за локални избори, презентација, поставување на сцената, како и симулација на кандидатска дебата во програма во живо во ОТВОРЕНО студио.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin