ГОРАН МИХАЈЛОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРОМ-КАРПОШ

26.03.2017 година

Горан Михајлов е акламативно избран за нов, втор по ред претседател на општинската организација на ГРОМ – Карпош. На денешното второ собрание на Граѓанската опција за Македонија- Карпош, исто така беа одбрани и општинскиот и надзорниот одбор на оваа општинска организација. Досегашниот претседател на ГРОМ- Карпош Оливер Станоески, ретроспективно направи осврт на четиригодишниот мандат, напоменувајќи дека водењето на најголема  општинска организација на Граѓанската опција за Македонија било чест, привилегија но и голема обврска.

  • Општинската организација ГРОМ- Карпош ја водевме во еден бурен политички период во Република Македонија, во кој постојано бевме во политичка криза. Поминавме два циклуси на избори, и како мала партија, успешно се позициониравме на политичката сцена во Република Македонија. Макотрпно и секојдненво се вложувавме во изградбата на ГРОМ- Карпош, и сакам да им се заблагодарам на сите урбани и месни заедници, на Форумот на жени, на млади и на пензионери за нивното учество и придонес во развојот на оваа наша општинска организација, истакна Станоески.

Новоизбраниот претседател на ГРОМ- Карпош Горан Михајлов, нагласи дека му претставува особена чест и задоволство да ја води најголемата општинска организација на Граѓанската опција за Македонија, и напомена дека веќе од утре ќе почне со ,, работа“.

 

  • Благодарност до сите Вас кои ме избравте, и ми ја дадовте поддршката и довербата за да ја водам ГРОМ- Карпош во едни турбулентни политички времиња. Пред нас се локалните избори, на кои сите заедно, сплотени и единствени ќе извојуваме уште една историска победа за Карпош, категортичен беше Михалјов.

Претседателот на ГРОМ- Карпош Горан Михајлов упати голема благодарност и до лидерот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, истакнувајќи дека со него како предводник, Карпош има светла иднина.

Првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски, му се заблагодари за досегашниот партиски ангажман на првиот претседател на ГРОМ – Карпош Оливер Станоески, нагласувајќи дека ја водел најголемата општинска организација во едни исклучително тешки услови на политичката сцена во Македонија. Јакимовски му го честиташе изборот на Михајлов за нов претседател, и му посака многу работа, успеси и победи во раководењето со оваа значајна партиска функција.

  • Пред нас се уште едни локални избори, на кои само сплотени, единствени и храбри ќе избориме уште една победа. Граѓаните на Карпош знаат да ја ценат работата и нашиот вложен труд, и затоа многупати ни ја давале довербата. Токму затоа Општина Карпош денес е најпосакувана општина за живеење не само на територијата на Градот Скопје, туку и во цела Република Македонија. Нашата локална самоуправа важи за најзелена и најчиста општина, исто така и општина со највисока социјална инклузија. Во Карпош има и најмала невработеност и највисок степен на урбанизација, дециден беше Јакимовски.

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски говореше за идните политички насоки на партијата. Патем, тој направи ретроспектива на подемот на Карпош во една урбана и најуспешна и најпосакувана општина за живеење.

  • Доказ за тоа се 10.720 нови засадени дрвја и садници во изминатите четири години, наспроти оправдано исечените 314 дрвја. Општина Карпош отсекогаш била, и ќе остане најзелената Општина во Република Македонија, а доказ за тоа се многубројните домашни и странски награди и признанија, кои како локална самоуправа сме ги добивале токму на ова поле, но и за други области во работењето, истакна Јакимовски.

Претседателот на ГРОМ  им се заблагодари на сите членови на партијата за нивната досегашна активност и ги повика сплотено, храбро и одважно да се подготват за претстојните политички битки кои и претстојат на партијата во наредниот период.