Трибина за екологија на ФОЖ -ГРОМ Кавадарци

20.03.2017 година

По повод Денот на екологијата, Форумот на жени на ГРОМ Кавадарци одржа трибина за екологија во просториите на Општина Кавадарци.Трибината ја отвори претседателката на ФОЖ -ГРОМ Кавадарци.
По краткиот вовед, следуваше главното предавање на тема „Зачувај ја планетата земја” на претседателката на ОО ГРОМ Кавадарци, г-ѓа Божанка Минова. После предавањето се отвори дискусија за проблемите на локално ниво, во која гостите ги изнесија своите видувања и даваа предлог решенија за еколошките проблеми во нашиот град. Во дебата активно се вклучија: г-ѓа Цветанка Ристова, г-ѓа Сузана Филипова, г-ца Татјана Митревска, г-ѓа Благица Коцева-Тодорова, претс. Емилија Наумова, г-ѓа Јоана Коцева и пратеникот и организационен сектретар на ГРОМ г-дин. Панчо Минов.
ФОЖ-ГРОМ Кавадарци ја искажа својата безусловна достапност за интеракција со граѓаните по повод екологијата во и активно завземање при решавање на проблемите во соработка со претставникот во Собранието на Република Македонија и дека сите проблеми на граѓаните и предлог решенија ќе бидат застапени во програмата за локалните избори.