Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Форумот на жени на ГРОМ со љубов и прегратки за своите сосетки

08.03.2017 година

Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија, по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, подари љубов и прегратки на своите сосетки. Жените на ГРОМ од сите општински форуми ширум Македонија, ги посетија осамените, стари, болни и изнемоштени сосетки, поминаа едно попладне во заедничка дружба, разговараа за нивните проблеми, во обид барем делумно да им се помогне истите да бидат надминати, се споделија насмевки, шеги, им се разубавија нивните домови со прекрасни цвеќиња, се подарија скромни подароци, а прегратките и љубовта, за миг, ги стоплија нивните срца.

Жените на ГРОМ со своето политичко, општествено и хуманитарно делување континуирано придонесуваат за подобрување на општествениот статус на жените. Притоа, се залагаат за подобрување на правата на жените , активно делуваат во превенцијата и спречувањето на насилството врз жените и семејното насилство, се залагаат за подобрување на здравствените мерки во функција на подобрување на репродуктивното здравје на жените и во превенцијата на бројни заболувања. Освен тоа, се залагаат за спроведување на низа мерки за економско јакнење на жените, за подобрување на нивното образование и за поголем број на работни места.

Жените на ГРОМ заземаат проактивен став за поголема застапеност на жените во политичките партии каде активно ќе ги креираат политиките, за нивна поголема застапеност во сите нивоа на власта, се со цел жените да бидат рамноправни партнери и одлучувачки фактори за подобрување на состојбите во сите сфери на општествениот живот.

Форумот на жени на ГРОМ на сите жени во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на жените 8-ми Март.

Целата фотогалерија можете да ја видите на следниов линк:

https://www.facebook.com/pg/%D0%A4%D0%BE%D1%80%D1%83%D0%BC-%D0%BD%D0%B0-%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%93%D0%A0%D0%9E%D0%9C-156660238158486/photos/?tab=album&album_id=188167645007745

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin