Прва седница на Централниот Одбор на Форум на жени на ГРОМ

05.03.2017 година

Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија на 5 март, во централното седиште на партијата – Кокс, ја одржа првата седница на Централниот Одбор на Форумот на жени на ГРОМ. На седницата присуствуваа 85 жени од вкупно 90 членови на ЦО од сите општински форуми. Седницата ја отвори претседателката на Форумот на жени на ГРОМ, Добрила Андоновска со поднесување на детален извештај за работата на Форумот во периодот од Основачкото Собрание на 15 јануари 2017 година.

Првата седница на Централниот Одбор имаше работен карактер и се одвиваше по усвоениот дневен ред:

1. Предлог – Одлука за избор на претседавач на ЦО

2. Предлог – Одлука за избор на записничар на ЦО

3. Предлог – Деловник за работа на првата седница на ЦО на Форумот на жени на ГРОМ

4. Предлог – Одлука за избор на Извршен одбор на Форумот на жени на ГРОМ

5. Предлог – Одлука за избор на претседател на Надзорниот Одбор на Форумот на жени на ГРОМ

6. Предлог – Одлука за избор на генерален секретар на Форумот на жени на ГРОМ

7. Предлог – Одлука за избор на потпретседатели на Форум на жени на ГРОМ

8. Предлог – Одлука за избор на организациони секретари на Форум на жени на ГРОМ и

9. Предлог – Одлука за избор на координатори по изборни единици

За записничар на ЦО беше избрана Вања Василевска Тимковска. За претседавач на ЦО беше избрана Ивана Ордевска. Функцијата на претседател на Надзорниот одбор и беше доверена на Лела Николовска.

Акламативно се избра и Извршниот одбор на Форумот на жени на ГРОМ во состав: Славица Новачевска, Сузана Зафировска, Бети Тасевска, Божанка Минова, Милка Ѓурковиќ, Петранка Ризова, Елизабета Димоска, Валентина Додевска, Елена Кузмановска, Ивана Ордевска, Лела Николовска, Наталија Ристовска, Славица Петковска, Магдалена Цветковска, Христина Борисовска, Мирјана Ташковска, Снежана Китановска, Вања Василевска Тимковска, Ирена Милевска Калајџиева, Жаклина Трајковска, Даница Ангеловска, Милена Велковска, Сунчица Антевска, Александра Кузмановска и Јосевска Вера.

Акламативно, на функцијата генерален секретар се избра Славица Новачевска, претседател на Форум на жени на ГРОМ – Кисела Вода и советник на ГРОМ. Едногласно се изгласа довербата на четирите потпретседатели на Форумот на жени на ГРОМ: Сузана Зафировска, Бети Тасевска, Божанка Минова и Милка Ѓурковиќ.

За организациони секретари на Форумот на жени на ГРОМ беа избрани: Петранка Ризова, Елизабета Димоска, Валентина Додевска и Елена Кузмановска.

Беа избрани координаторки по изборни единици. Првата изборна единица ќе ја координираат Добрила Андоновска и Валентина Додевска. Втората изборна единица – Сузана Зафировска и Магдалена Цветковска. Третата изборна единица – Бети Тасевска, Наталија Ристовска и Слаѓана Тушевска. Четвртата изборна единица – Божанка Минова, Елизабета Димоска и Петранка Ризова. Петата изборна единица – Милена Велковска и Добрила Андоновска. Шестата изборна единица – Милка Ѓурковиќ и Славица Новачевска.

Форумот на жени на ГРОМ е отворен за соработка за сите жени кои сакаат да бидат дел од активностите на форумот.