Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Стевчо Јакимовски, претседателот на ГРОМ ги полни салите низ Македонија

ГРОМ ГрадскоГРОМ ВО ГРАДСКО ДОБИ И ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА И КАНЦЕЛАРИЈА

Вечерва (16.11.2013) во просториите на кино салата „Крсте Петков Мисирков“ во Општина Градско, се оформи тринаесеттата општинска организација  на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ-Градско. Присутните 70 делегати на оваа политичка партија  едногласно го усвоија  предложениот дневен ред  на основачкото собрание кој ги опфаќа  работното претседателство, верификационата комисија, кандидациона комисија како и изборот на органи на оваа општинска организација.

Верификационата комисија ја сочинуваат Горан Георгиевски, Ники Витанов и Предраг Смилков а во кандидационата комисија влегоа Наталија Димовска, Јовица Николовски и Зоран Ангелов.

За претседател на Општинската организација на ГРОМ-Градско едногласно беше избран  Петре Спасовски.

На овој свечен чин присуствуваше и претседателот на Граѓанската опција за Македонија, господинот Стевчо Јакимовски. Тој ја презентираше поентата за формирање на оваа политичка опција, а тоа е дека ГРОМ се залага да биде политичка опција за граѓаните на Македонија.

-Во Македонија немаме слободно новинарство,нема слободни медиуми. Тие се поделени на власт и опозиција. Неможеме да се информираме правилно, тоа не ни е дозволено. Вистинското независно новинарство многу малко го има во Република Макеоднија. ГРОМ се залага токму за тоа, се залага за вистината да излегува на виделина. Новинарите да бидат слободни при нивното известување. Да им се дозволи да работата на достоинствен начин, според своите ставови и според она како тие ја гледаат ситуацијата во државата.Во исто време и тие треба да знаат дека колку што сме ние одговорни како политичари толку и тие се одговорни за начинот на нивното делување кај јавноста. Седмата сила, како што велат многумина, влијае позитивно или негативно кај граѓаните и понекогаш тие се од огромно значење за тоа кој ќе ја однесе победата, а кој ќе се соочи со уште еден пораз  – посочи Јакимовски.

Првиот човек на ГРОМ говореше за „дескопјезација“. Тој посочи на многубројните споменици низ главниот град. Ние тврдиме дека има живот во секој дел од Македонија.

-Ајде да им овозможиме исти услови во секој град и во секој дел од оваа наша држава, ајде да се обединиме и да имаме големи резултати од кои сите ќе ни позавидуваат. – предложи лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Ние како партија се залагаме и граѓаните во село да имаат исто толку добри услови за живеење и работење како и во поголемите градови.- додаде Јакимовски.

-ГРОМ се залага за вложување во земјоделието.На земјоделците треба да им даваме поддршка за секоја нивна идеја за работа. Водата треба да биде бесплатна за наводнување на земјоделските површини, мора да вложуваме во инфраструктура во земјоделието  – образложи лидерот на ГРОМ.

Говорејќи за негативните трендови во здравството Јакимовски изрази сомнеж дека  за некоја година ќе нема кој да не лечи. ГРОМ одговорно тврди дека без силно јавно здравство нема ни силно приватно здравство и такво нема да дозволиме да помине во нашата програма. Довербата меѓу пациент и докторот е многу разнишана. Како може еден пациент да има доверба во неговито матичен лкар кога гледаме и самите што се се случува во здравството. Ние нема да дозволиме ова да ни се случи, нема да дозволиме здравјето да го дадеме на личност на која нема да и веруваме –поентираше Јакимовски.

По завршувањето на Основачкото собрание на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија – Градско, членовите и симпатизерите на партијата, заедно со партискиот врв беа дел од уште еден чин, отворање на канцеларијата на ГРОМ- Градско. На пригоден начин и со свечено сечење на тортата, претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски порача со благо да се отвори оваа канцеларија за благо да тргне и да се слави токму на ова место за време на изборите кои не очекуваат за многу краток период.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin