Изборен состанок на Форумот на жени на ГРОМ -Гази Баба

23.02.2017 година

Одржан изборен состанок на Форумот на жени на ГРОМ -Гази Баба. За претседател на Форумот беше избрана Радмила Миташева, која до сега успешно ја извршуваше функцијата на ВД претседател, а за потпретседател на Форумот на жени беше избрана Лидија Трпкова.

На состанокот присуствуваше и претседателката на Форумот на жени на ГРОМ, Добрила Андоновска, Валентина Додевска, член на Централниот Одбор на Форумот на жени и претседателот на ОО на ГРОМ Гази Баба, Живко Белчев.

На сите им посакуваме успех во понатамошните активности.