Прва работилница по англиски јазик организирана од Форумот на жени на ГРОМ
03.02.2017 година
Во организација на Форумот на жени на ГРОМ беше одржана првата работилница за англиски јазик „Зачекори во секојдневието на англискиот јазик”. Работилницата беше стручно реализирана од проф. Татјана Талевска. На работилницата учествуваа жени од различни старосни, образовни и социјални групи од Форумите на Карпош, Кисела Вода и Гази Баба, кои сакаа да го прошират своето познавање на англискиот јазик.
Работилницата содржински се состоеше од презентација на најчести и секојдневно користени фрази на англиски јазик, а вториот дел беше работен со вежби на кои се потврди стекнатото знаење од работилницата.
Форумот на жени на ГРОМ и во иднина ќе организира бројни работилници и трибини кои ќе бидат од интерес за сите кои сакаат да се приклучат кон нашите активности.