ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: СЈО го аболицираше Зоран Заев

24.01.2017 година

Откажувањето на Специјалното јавно обвинителство од судското гонење на Зоран Заев во случајот ,, Пуч“, беше повод денеска организациониот секретар на Граѓанската опција за Македонија Љупчо Пренџов да одржи конференција за печат. Во својата изјаза за медиумите, Пренџов нагласи дека ова откажување на СЈО не е ништо друго освен обична аболиција.

  • Образложението на СЈО за тоа зашто се откажува од обвинителниот акт е обична  ,, евтина манипулација“ со аргументи кои наводно само тие ги знаат и никој друг во државата. Згора на тоашто оваа аболиција, спротивно на важечките прописи, Законот и Уставот ја прави една неуставна институција како што е СЈО, напомена огранизациониот секретар на ГРОМ Љупчо Пренџов.

Понатаму , Пренџов јавно запраша: Доколку Зоран Заев и неговите соработници беа ,,чисти“, зошто не дозволија низ постојните правосудни институции- судот да процени дали има основа за кривично гонење или нема? Зошто најголемите апологети на слободата, демократијата, човековите права и транспарентноста, не и дадоа шанса на јавноста да види дали Зоран Заев барал само предвремени избори или мавтал со снимени разговори нарачани од Зоран Верушевски.

  • Ги потсетуваме сите оние на кои се однесува оваа аболиција од страна на СЈО, дека единствен согласно Уставот и изборната волја на граѓаните на Република Македонија кој има право да изрекува аболиции е претседателот на државата, односно во моментот- господинот Ѓорге Иванов. Ние во ГРОМ сметаме дека овој непринципиелен потег на СЈО отвара врати за нови аболиции. Тогаш критизерите на аболициите го губат сето морално право за било какви критики за можно изречени нови вакви одлуки од надлежната институција во државата, заврши на крајот со своето обраќање до јавноста организациониот секретар на ГРОМ Љупчо Пренџов.