ГРОМ бара кандидатите на СДСМ да се повлечат од изборите

15304037_1359537334070166_966453895_o-129.11.2016 година

Од ГРОМ денеска јавно ги прашаа кандидатите за пратеници од СДСМ, Оливер Спасовски, Максим Димитриевски и Лидија Тасевска дали стојат зад идејата на нивниот председател на партијата за двојазичност, федерализација, промена на Уставот и промена на името на државата Република Македонија.

„Каков е вашиот план за границите на таа идна федерализaција и за Куманово. Ќе го делите ли градот, на колку дела и каде ќе поминуваат границите или ќе го сместите во некоја федерална единица. Не е нашата држава ваша дедовина, па да ја кроите и прекројувате како сакате само да угодите на некои туѓи интереси и да дојдете до некој глас од граѓаните, кои можеби и не се свесни за последиците од разорната политика која вие ја нудите. Најубаво би било да се повлечете од изборниот процес, не мислиме на вашата партија туку мислиме на вас лично, како наши сограѓани и сонародници. Само на тој начин ќе можете, колку толку, да ја намалите штетата која до сега ја направивте на државата и народот, – изјави Емилија Арсиќ.

Арсиќ го праша претседателот на Советот Максим Димитриевски, зошто дозволува салата на Советот на оппштина Куманово да се злоупотребува во партиски цели и таму да се одржуваат состаноците за изборните активности на СДСМ, а со тоа се кршува Кодексот за фер и демократски избори кој го потпишаа сите учесници на изборите.

Текстот е превземен од: http://www.kumanovonews.com/