Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес конференција: ЗАЕВ ГО ДОПРЕ ПОЛИТИЧКОТО И ЧОВЕЧКОТО ДНО

0327.11.2016 година

Вчерашниот митинг на опозицијата предводена од  Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во Карпош, беше повод  претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски да  одржи конференција за печат. Во своето обраќање до медиумите, првиот човек на ГРОМ истакна дека вчера во Карпош над  лидерот на СДСМ Зоран Заев проплакало и небото, бидејќи го допрел политичкото и човечкото дно.

  • Дури сум и благодарен за тоа бидејќи севкупната македонска јавност го виде лицето на човекот кој се нуди за политичка алтернатива на власта. Политичар кој наивно се крие зад некој кој нуди живот , а всушност единствено што нуди е злоба и омраза без граници. Вчеравечер во фанатична хистерија навредуваше се живо: и мојата фамилија, и моите деца, дури и мојата речиси 80-годишна мајка која е во болничка постела, нагласи Јакимовски.

04

Понатаму лидерот на ГРОМ, ја цитираше кинеската  поговорка: ,, ако си во право, тогаш зошто се дереш“, зошто си хистеричен? Зоран Заев веќе се однесува како грогиран боксер, напомена Јакимовски и продолжи: Велат грогиран боксер е најопасен, ама грогиран политичар е за жалење. Тој е за жалење бидејќи му истекува рокот, а работата не му е завршена.

  • Инвеститорот, т.е нарачателот – ,, чадорот“ е незадоволен. Заев уште еднаш ја покажа целата поганштина на СДСМ без разлика кој е лидер на таа партија. Мислевме дека мешањето на семејство, особено на децата е својствено за Бранко Црвенковски, но тие се иста школа. Лицето Сенад Смаиловиќ- Сенко, кое во раните утрински часови постојано им се закануваше на моите деца во 2013 година, од кои едното малолетно, како кукавична награда за бедната душа, денес  е на високото 9 –то место во изборната единица ,, 2“. Моите синови се мажи и ќе се справат со секаков предизвик, но тоа што ја спомнува мојата болна мајка заслужува да се пресметаме како маж со маж. Мојата  партија пред  три дена потпиша декларација за ненасилство врз жените. Јас ,, момички“ како Заев не тепам, категоричен беше лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Во своето обраќање до медиумите лидерот Јакимовски  напомена дека оваа ,, Катица Заева“ како тргнала ќе има онолку гласови, колку што има  детелинки со четири листа. Очајно не нарекува бандити, кога  како тоа ,, госпоѓо Заева“, ти си снимен како бараш  пари и ги праќаш кај Вицето?

  • Како тоа јас бандит, а не јас од тебе, туку ти од мене бараше 250.000 евра, и потоа јас сум бил бандит, а ти чесен? Ако си чесен што се криеше со пешкир преку глава во Канистрас, во Грција кога ги виде своите сограѓани. Нареден пат кога ќе одлучиш да држиш митинг во Карпош, побарај ме еден ден порано, да ти организирам да зборуваш пред карпошани, бидејќи вчеравечер зборуваше пред 300 покиснати скопјани, ама најмалку карпошани, дециден беше Јакимовски.

Јакимовски истакна дека лидерот на опозицијата  се и сешто зборувал, но не одговорил на двете клучни прашања:

Зошто ти во Струмица имаш 34, а јас во Карпош 319 проекти? Не одговори дали си ми барал 250.000 евра? Бараше или не? Ми даде ливче или не? Кога ќе го покажам ливчето сите графолози  на светот нема да те спасат, го заврши своето излагање пред медиумите претседателот на  ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin