БЛАГОЈЧЕ АТАНАСОСКИ- НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФОМ ГРОМ

blagojce-fom-grom27.10.2016 година

Вчеравечер, во централното партиско седиште на Граѓанската опција за Македонија, Форумот на Млади на ГРОМ го избра својот втор претседател. На отворен конкурс, секој член на ФОМ ГРОМ имаше можност да поднесе своја кандидатура за претседател на громовската младина. Благојче Атанасоски, единствен поднесе кандидатура како член на извршниот одбор на ФОМ ГРОМ и досегашен претседател на градската организација на ФОМ ГРОМ.

Присутните делегати едногласно го изгласаа кандидатот Атанасоски, и на тој начин му го пренесоа легитимитетот, да ја води ФОМ ГРОМ во наредните две години. Статутарно, новиот претседател Благојче Атанасоски е обврзан во наредните 15 дена да го конституира новиот извршен и централен одбро на ФОМ ГРОМ. Новиот претседател на младите на ГРОМ им се заблагодари на присутните млади сопартијци истакнувајќи дека е чест и привилегија да се предводи младината на Граѓанската опција за Македонија, но и обврска која носи сериозни предизвици.

  • Пред нас, како партиска младина и како политичка партија се исправени повеќе големи предизвици: предвремените парламентарни избори закажани на 11 декември оваа година, и редовните локални избори кои треба да се одржат во првата половина од наредната 2017 година, но и зацврстување на младинската структура во партијата на подолг рок. Нашето младинско мото ќе биде „Еден за сите, сите за ГРОМ“, и само така на тој начин, сплотени, единствени и кохезивни ќе изградиме една цврста, стабилна и респектибилна младина, истакна Атанасоски.

Новиот претседател на ФОМ ГРОМ, му се заблагодари на првиот претседател на ФОМ ГРОМ Бојан Велевски, на извршниот, централниот одбор и на сите општински структури кои ги поставија инфраструктурните партиски темели на младината на Граѓанската Опција за Македонија.