Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ФОЖ ГРОМ-КАРПОШ: Хуманитарен базар за операција на сограѓанка

13235690_1757220411180527_6183438933562938174_o13.05.2016 година

Форумот на жени ГРОМ – Карпош уште еднаш ја покажа својата хуманост и грижата за сите кои имаат потреба од поддршка и подадена рака. Вештите раце на жените од ГРОМ подготвија голема понуда на домашни колачиња и печива  наменети за добронамерните и хумани купувачи чии средства ќе бидат наменети за хумани цели.

Седиштето на Граѓанската опција за Македонија,вчеравечер, беше претесно да ги прими сите кои посакаа да бидат дел од овој хуманитарно – донаторски базар. Беа присутни над стотина жени од сите старосни, национални, верски, социјални групи, кои беа дојдени со единствена цел, да се помогне на пријателката која има потреба од сериозна хируршка интервенција.

Кон овој хуманитарен настан се приклучија мајките и децата од Здружението на деца со Даунов синдром “Тризомија 21”, кои се нови пријатели и подржувачи во сите активности на Форумот на жени ГРОМ – Карпош, пријателство кое се востанови после хуманитарниот концерт кој беше организиран за “Децата со вечна насмевка”. Тука беа и нашите пријателки од Сарај, но, особено радуваше сознанието дека на настанот присуствуваа нови пријателки, кои секојдневно се приклучуваат во општествено корисните активности на ФОЖ ГРОМ – Карпош.

Сретствата од хуманитарно – донаторскиот базар ќе бидат наменети за оперативен зафат на наша пријателка и сограѓанка. Форумот на жени ГРОМ – Карпош секогаш им стои со пријателски подадена рака на сите на кои им е потребна поддршка и помош.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin