Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ФОМ ГРОМ ги посети старите лица во „Елисавета’’

ELISAVETA 411.05.2016 година

Денеска, Форумот на млади на Граѓанската опција за Македонија беше во посета на Домот за стари лица „Елисавета’’ . Еден час,  младите громовци се дружеа со овие граѓани кои се во третата доба од  својот живот, и низ разговор се стекнаа со совети од искусните и најмудрите.

Оваа акција на ФОМ ГРОМ имаше за цел, на оваа категорија наши сограѓани да им посвети мало внимание. Посетата наиде на големо задоволство кај станарите на овој дом за стари лица, со договор и во иднина, да се реализираат повеќе вакви средби и активности.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin