Голема Велигденска хуманитарна акција на ОО ГРОМ –Карпош: „ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ЗА ЉУБОВ КОН РАНЛИВИТЕ“

1366702532_01228.04.2016 година

Православните христијани, овие денови, интензивно се подготвуваат за прославување на најрадосниот христијански празник – Велигден, празникот на Христовото Воскресение.

По тој повод, денеска, четврток, 28.04.2016 година, во 18 часот,  Општинската Организација – ГРОМ Карпош, ќе посети голем број на семејства кои се од ранлива категорија, делејќи им јајца како знак на внимание и хуманост.

Јајцето е најпопуларниот симбол на најсветлиот христијански празник, Велигден. Традиционално, на Велики Четврток, во секој дом се вапсуваат јајца кои го симболизираат воскреснувањето и почетокот на нов живот. Ове е еден од најубавите и највеселите православни обичаи кој се негува до ден денес.

Општинкската Организација ГРОМ –Карпош, на сите граѓани на Општина Карпош им го честита СВЕТЛИОТ ДЕН – ВЕЛИГДЕН.