Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: И ова ќе помине!

12933091_925100097603824_3674729975557875590_nТежината и квалитетот на кривичните предистражни постапки против функционери на ВМРО-ДПМНЕ од страна на СЈО, и двата кривични предмети против Заев во Основниот Суд во Скопје се со многу поголема тежина во однос на овие против ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? – Затоа што кај Заев е веќе завршена предистражната постапка, а доказите се обезбедени со ПИМ мерки.

Вчера разговарав со еден инспектор по стопански криминал кој кажа дека негов колега по име Тони Ниниовски е осуден на четири ипол години затвор само затоа што со ПИМ мерки е потврдено дека барал поткуп односно, во телефонски разговор истиот вели „Мојот дел донесете ми го мене“. Заборавив да напоменам дека делот што требало да му го донесат е 2.000 евра. Овој полицаец Ниновски парите не ги примил, ниту има доказ дека воопшто примил пари. Но, направил кривично дело „барање на поткуп“ и затоа лежи четири години.

Е сега почитувани пријатели, кажете ми по оваа аналогија, со докази обезбедени преку ПИМ мерки против лицето Зоран Заев и видео снимката на која се гледа како бара поткуп од струмички бизнисмен во износ од 200.000 евра, и истите да ги однесат кај батко му Вице при што во истиот клип Заев објаснува и каква му била технологијата на земање на поткуп колку треба да добие? Ако инспекторов за барање поткуп од 2.000 евра добил четири години, замислете колку години треба да добие Заев. Веројатно „10-ка со кромид“. Додека пак „тралала“ постапките на СЈО против функционери на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел се во предистражна постапка.

Под број два, специјалниот обвинтел Гаврил Бубевски кој нудел поткуп од 100.000 евра на можен заштитен сведок исто така е обезбеден со ПИМ мерки.

Под број три, интересно е да се напомене дека евидентна е нервозата кај Заев затоа што не е аболициран и за случајот со Чаушот, каде што е исто така има обезбедени докази со ПИМ мерки.

Дали е сега јасно кој добива, а кој губи со аболицијата?

– Добива Заев, а глуми „љ…….а“ а народниот гнев е упатен кон функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Четврто. Ајде сега малку да се присетиме што се случуваше изминатава година дена. Се сеќавате ли дека Заев не го признаваше судот. Одбиваше да се јави на судските рочишта, дури на крај обвинителката му се закани дека ќе нареди негово стражарско приведување, па истиот се појави на суд дури некаде во декември. Потоа, дојде на уште две рочишта. Па уследи нова комбинација, Карла дел Понте од Гевгелија (Катица Јанева) за да го одолговлечи новото рочиште на Заев побара одлагање поради свадбата на ќерка и, и Велигденските празници. Се сеќавате потоа на следното рочиште за второто дело на Заев, двајцата адвокати во исто време му отидоа на одмор. И, тоа цела недела. Наводно луѓето вон-сезона отишле да одмараат надвор од земјава. Приказна за мали деца. И, сега стига аболицијата која Претседателот на републиката Иванов ја донесе под притисок и сугестија на „чадорот“ кој има интерес да нема судско расчистување за аферата „Пуч“ и да има аболиција за актерите инволвирани во аферата, затоа што таму ќе се откриеше кои се двете разузнавачки служби на кои што Заев им служи. Значи, Зоран Заев ова одолговлекување на судењето го правеше токму поради ова, односно неговиот „чадор“ да обезбеди кредибилен пристап до претседателот Иванов, за нивни спас.

Сега криминалецот од Струмица заедно со дузина наркомани, ЛГБТ групи, пијаници и се разбира заведени чесни луѓе, скандира против „криминалците од власта“. Каква иронија?

Петто. Горе именуваниот фолирант се сили на Македонската јавност дека ќе спроведел „украинско сценарио“. Веројатно се занесува дека ако има „украинско сценарио“ па токму него ќе го стават да ја „води“ државата. Тој кутриот не може да си ги води и да си ги командува оние педесетина дрогирани насилници кои дивееа во центарот на Скопје, а камо ли да ја водел државата.

Шесто. Незадоволните комунисти-соросоиди и нивните приврзаници ги гледам протестираат пред Влада. Што мајка бараат таму кога тоа не е полноправна влада, тоа е техничка влада. Веројатно протестираат и против Оливер Спасовски и против Ременска. Со еден збор почнуваат да го губат концептот.

Седмо. Против што протестираат сега комунистите? Велат дека против аболицијата која го погребала правниот поредок во Македонија и бараат да се судат криминалците. Па, нели тие не го признаваа овој суд? Нели, судството беше никакво? Смешни се. Сега па го бараат „никаквото“ судство.

Осмо. Амбасадорите на чело со Бејли освен сила не гледаме дека демонстрираат принципиелност и желба да се помогне на земјава. Цело време тие оние кои ја заплеткуваат политичката ситуација во Македонија, и ако дојде до крвопролевање тие и ќе бидат одговорни за истото. Никој друг.

Девето. Незнам зошто, ама уште во ноември ми беше јасно дека големиот ДИК-мудрец Чичаковски на денот кога ќе се одлучува дека може да се оди на избори тој ќе го напушти ДИК. Па тоа не мораше да го прави во Април, можеше уште во Ноември. Инаку, сакам да го прашам буцкото се сеќава ли на прес конференциите на ГРОМ кога го повикувавме да го мрдне дебелиот задник, да не слави Валентајн, да не оди на викенди, да работи и попладне, и да не фолира, и да не му падне на памет да си дава оставки. Така ли беше? Епа сега, Цацко ли му е крив што списокот не си го расчистил. Студентот кој што се излежува, не учи, сигурно професорот нема да му го пролонгира испитот, туку ќе падне на истиот! Епа, и Чичаковски си падна на испитот. Да продолжи да фолира во друго село, по можност беровско. Во скопскиве не му проаѓа.

Десето. На протестите го гледам во портокалов дуксер еден мој познаник кој неодамна беше кај мене и ми плачеше и молеше да му потпишам една цесија, плачејќи дека фирмата им рикнала, се развел со жена му, му отишол неговиот стан, отишол станот и на сестра му, и имале еден куп долгови. Со еден збор, фамилијарен банкрот. Тоа значи дека со камења фрлаат на полицајците вакви нереализирани пропаднати и незадоволни од самите себе, на кои ова им е психолошки вентил и забава. Колку си ја сакаат Македонија кажуваат со тоа што им посакуваат полицајците да ги снајде она што ги снашло во Куманово. Со тоа кажаа се. Дека тие не се борци за демократија, туку борци за анархија. Само нека продолжат вака, ќе се дозакопаат на 5-ти јуни. Повторно ќе се сетам на баба ми „Родило се, ќе га љуљамо“.

Ќе ви кажам уште нешто еден човек на умирање на својот син му оставил два коверта, и му рекол „белиов коверт ќе го отвориш кога ќе ти биде најдобро, а синиов кога ќе биде најтешко во животот“. Терал така син му, му тргнало добро во бизнисот, заработил многу пари, јахти, вили, жени, пари и тогаш си рекол „Од ова не може подобро да ми биде“. Ај си рекол, време е да го отворам белиов коверт од татко ми. Внатре пишувало „ОВА ЌЕ ПОМИНЕ“. По извесно време колата му тргнала надолу. Банкротирал. Целосно банкротирал. Почнале да го гонат лихвари, смртно да му се закануваат, оти плаќал дневни камати и во таков очај му доаѓало да се самоубие и во таков очај се сетил на синиот коверт на татко му. Внатре пишувало „И ОВА ЌЕ ПОМИНЕ“.

Не се секирајте пријатели, и ова ќе помине, само треба да издржиме!

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin