Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ не застанува зад одлуката на Иванов

GROM

12.04.2016 година

Граѓанската опција за Македонија е изненадена од последната одлука на претседателот ан Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Ако оваа одлука е донесена без консултации со политичките партии и со меѓународната заедница, и истата ќе нанесе огромна штета врз правниот поредок во Република Македонија, како и врз функционирањето на правната држава. Уште повеќе со ова сериозно ќе се разниша довербата на граѓаните на Македонија  во институциите на системот и во политичките партии во целина.

ГРОМ не може да застане позади ваква одлука на претседателот на Република Македонија, затоа што сметаме дека секој оној што се огрешил пред законот, треба да понесе соодветни последици, без оглед дали е припадник на власта или на опозицијата.

Впрочем, Пржинскиот договор беше постигнат за граѓаните да видат правна разрешница за аферите „Пуч“ и останатите материјали од прислушкуваните разговори.

На овој начин, правната разрешница е суспендирана.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin