Прес-конференција: Граѓаните ја одбранија државата

0116.03.2016 година

Актуелните настани, кои во овие два изминати денови, се случуваат пред, и се поврзани со Уставниот суд, беа повод денес претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, во централното седиште на партијата да одржи прес конференција. Во своето обраќање пред присутните медиуми, тој истакна дека вчера и денес, на дело се покажа колку голема и нераскинлива е врската меѓу институциите на системот и македонскиот народ.

  • Се виде во клучните моменти, како што државните институции ги штитат граѓаните, така граѓаните знаат кога треба јасно и недвосмислено да ги заштитат институциите и тие кои што работат во нив. Од референдумот за осамостојување во 1991 година досега, многу пати се покажа дека свесноста и одговорноста на македонските граѓани е на високо ниво и дека знаат како се гради држава, категорично истакна првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Понатаму,  тој напомена дека на граѓаните им се потполно и  недвосмислено јасни, скриените намери на опозицијата во однос на опстанокот и развојот на Република Македонија

  • Секогаш кога ќе биде доведен во прашање суверенитетот и професионалноста на македонските институции, одговорот ќе биде жесток, а ГРОМ секогаш ќе биде предводникот. Сакам уште еднаш да упатам голема благодарност до граѓаните кои без разлика на партиска, етничка или религиска припадност, излегоа на мирниот собир и ја дадоа својата поддршка за институциите на Република Македонија, истакна Јакимовски.

02

Одговарајќи на многубројни новинарски прашања, кои му ги упатија присутните новинари, лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски, напомена дека ниту имале намера да предизвикаат било каков инцидент или конфликт со повикот до граѓаните да излезат на мирен собир за одбрана на Уставниот суд, ниту истиот бил подржан со организирање на партиски активисти на ВМРО- ДПМНЕ.

  • Напротив, ние излеговме токму во одбрана на Уставниот суд, бидејќи активисти кои протестираа пред тој Уставен суд, им се закануваа на судиите со физичка пресметка. На собирот секако дека имаше партиски симпатизери на ГРОМ, но исто така имаше и многу граѓани од друга или без партиска припадност, од различни етнички заедници, кои заедно и сплотено дојдоа да си ги одбранат своите институции. Ние не шириме никаков партиски триумфализам, туку напротив, сметаме дека нашата, пред се граѓанска должност, ја извршивме достојно, бранејќи ги нашите институции на државата, кон кои перманентно некој им се закануваше, заврши на крајот претседателот Јакимовски.