Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес-конференција: СДСМ „прогледа“ по децениско слепило?!

press12.03.201612.03.2016 година

Во централното партиско седиште, генералниот секретар на Граѓанската опција за Македонија Виктор Цветковски, одржа прес конференција по повод последните актуелни случувања поврзани со избирачкиот список, кој деновиве го лиферуваше Државната изборна комисија. Секретарот Цветковски, напомена дека ГРОМ секогаш зборува аргументирано, со факти и докази.

  • Според изборниот законик донесен на 10 ноември 2015 година, член 41 единствено надлежен за избирачкиот список е ДИК. Според член 31, точка 28 Д, истиот законик, ДИК е должна еднаш месечно да го ажурира избирачкиот список. ГРОМ ја прашува ДИК: Зошто во јавноста пушти избирачки список од 1 декември 2015 година? Каде е ажурираниот избирачки список од 1 јануари, 1 февруари и од 1 март? Зошто ДИК ја манипулира јавноста, при што ги образложи законските надлежности на ДИК, и упати низа прашања до институцијата.

Понатаму, во своето обраќање, генералниот секретар истакна дека пред секои избори политичките партии и плаќаат на ДИК по 150.000 денари и го добиваат комплетниот избирачки список, со цел да направат сопствена теренска проверка на своето членство, симпатизери, како и на останатото гласачко тело и доколку има било какви забелешки и нелогичности, истите во законски утврден рок ги доставува до ДИК. Таквите забелешки ДИК ги проверува, и потоа, пречистениот избирачки список е списокот со кој се оди на избори и врз основа на него граѓаните гласаат. Оттука ГРОМ прашува:

  • Како е можно СДСМ во 2008, 2009, 2011, 2013 и во 2014 година, односно во пет изборни циклуси да не ги воочи овие аномалии и да си оди на избори? Како може таков избирачки список да го одобруваат претседателите на ДИК од редовите на СДСМ во последните 10 години Александар Новаковски, Борис Кондарко и Никола Рилковски? Се поставува уште едно логично прашање : Како по 10 годишно слепило наеднаш прогледаа и кој им ги отвори очите?

– ГРОМ е убеден, потенцираше Цветковски, дека во случајов не станува збор за некакво историско прогледување и освестување, туку за перфидна манипулација на граѓаните на Република Македонија направена во кујните на МВР и на ДИК, односно во двете институции кои во моментов се предводени од претставници на СДСМ.

На крајот ГРОМ уште еднаш  повика: Исполнете ја својата законска обврска и објавете го ажурираниот избирачки список од 1 март, за јавноста сама  да ги воочи вашите манипулации, дециден беше генералниот секретар на ГРОМ,  Виктор Цветковски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin