Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Хуманитарна активност на Форумот на жени на ГРОМ – „Жените на ГРОМ со љубов и грижа за постарите граѓани”

12795168_1725384727697429_5448571685391659629_o28.02.2016 година

Форумот на жени на ГРОМ на 28 – ми февруари успешно ја реализира хуманитарната активност со мото „Жените на ГРОМ со љубов и грижа за постарите граѓани”. Активноста се реализираше на ниво на повеќето Општински Организации, каде и до сега форумите се одликуваа со препознатливи општествени активности. Жените на ГРОМ од: Карпош, Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров, Сарај, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Прилеп, Штип и Струмица, ги посетија домовите на 55 граѓани кои се во третото доба.


Ова беше една од бројните хуманитарни акции, но специфична по својата емотивна пребоеност, љубов и грижа кон постарите соседи, пријатели, сограѓани, кон сите на чии лица времето оставило длабоки бразди, а бремето натежнало врз нивните плеќи.
Жените на ГРОМ ги посетија домовите на осамените стари лица, стари лица со тешки заболувања, стари лица во социјален ризик и лицата во третото доба на кои им е потребно топло и искрено муабетење и кои копнеат топлиот чај или кафе да го испијат во пријатно друштво.


Жените на ГРОМ, на постарите сограѓани им подарија скромни подароци, но секој подарок кој е подарен од срце има непроценлива вредност за сите на кои се подарува, но уште поголема радост на тој што подарува.


Се разговараше за нивните секојдневни проблеми и потреби, се делеа здравствени совети, совети за остварување на нивните социјални права, се направи контакт со Општинската администрација во доменот на социјалната заштита, со пензионерските здруженија, се прибележија сите нивни барања и се воспостави прекрасен пријателски однос кој ќе биде во иднина постојано негуван и надградуван.


Жените на ГРОМ се грижат за сите на кои им е потребна топла прегратка, љубов и вистинско пријателство.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin