Младите громовци го прославија вториот роденден

0229.01.2016 година

По повод двегодишнината од постоењето на Форумот на млади на Граѓанската опција за Македонија, вечерва со пригодана свеченост се одбележа роденденот на оваа млада, но забележителна партија на политичката сцена во земјата.

Во присуство на голем број млади членови и симпатизери на ГРОМ, во седиштето на Граѓанската опција за Македонија, во вистинска роденденска атмосфера се обрати претседателот на ФОМ ГРОМ, Бојан Велевски. Тој , полн со ентузијазам и оптимистички дух, го изрази  своето задоволство од досегашните постигнувања во партијата и придонесот на  младите и талентирани членови.

– Ме направивте најгорд претседател на ФОМ ГРОМ во изминативе две години. Формиравме многу општински организации, а Форумот на млади е еден од столбовите на партијата. Така сплотени заедно во иднина, да се радуваме на нови успеси и нови победи – посака Велевски.

На роденденската забава присуствуваше и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски кој во својот говор рече дека младите се носечката сила во една партија.

– Во вас е иднината на ГРОМ како политичка партија. Форумот на млади, во изминативе две години активно придонесе во изградбата и етаблирањето на ГРОМ и ве охрабрувам и понатаму, заедно со својот младешки дух, да придонесувате за нови победи на нашата партија – повика претседателот на ГРОМ, Јакимовски.

На крајот од славеничкото дружење и поздравниот говор беше пресечена и роденденската торта.